Колеги кога разговараме за крапска лига се мисли на натпревари (три, четири па макар и пет кола) кој треба да се одржат на вода каде што (горе- доле) ќе се има рамноправен терен за сите екипи подеднакво. Вода на која ќе има рибен фонд да првопласираната екипа од едно коло има улов од 50-100кг риба а последниот 10-тина килограми. Вода на која ќе има натпревар, натпревар на надмудрувања, вода на тактика околу презентација на мамец, вода на која рибата ќе одлучи да го земе твојот или мамецот на комшијата, вода која ќе има и далечина и длабочина каде што може да се проба зиг-ригот.
Потсетете се на водата на која требаше да се одржи последното коло од оваа година Жабјани каде за сите екипи ќе имавме иста длабочина и иста далечина, вода каде ќе пливаа 3,5,7 тона крап, вода каде што другиот брег е 470метри и натпревар каде што ќе требаше да се пеца 72 саати. Одма почнаа моабетите од типот еј за таму треба многу храна и прихрана, треба да се убиеме од работа, треба да не идам на работа 2-3 дена, ќе не изедат комарци,....
Идеално нема но неможе да една екипа фати во просек по 2 крапа по натпревар и биде прва без разлика дали станува збор за дива или комерцијална вода. Оној кој што ќе победи треба да биде вистински победник како што тоа го сторија Хрватите на светското, како што тоа го сторија Сергеј и Ицо на третото коло на Крушевско езеро кога излегоа понапред од другите и си направија резулат. Победникот не треба да победи со фактор среќа (иако секогаш постои) туку со тактика, опрема, работа, храна, мамци,...
Поради овие ситуации се одеше да натпреварите во лигата бидат на една вода, да се има опција на секторски влечења СЕ со цел да се избегне факторот среќа или мени ми се падна трипати 6-ка.
Се работи на тоа да се надмината сите овие проблеми и недостатоци НО Ве молам нема потреба од ставање сопки и прпреки кога нешто сакаме да го направиме подобро. Никој ама баш никој не се мести или се спрема за фаворит туку МРФ сака оние кој ќе победат да бидат вистински победници и да ја претстават Македонија во вистинско светло.
се дур МРФ сака а прави стаза со порибени крапчина за да избере такмичар за на светско --ке се претставуваме таму во вистинско светло (како наназад)
Ни треба стаза која такмичарите нема да ја гледаат со потсмев, риба во неа никако од рибник да има, да го уклучат малку мозокот за да стигнат до риба за оние од рибникот нема многу мозгање
-- барем две кола да бидат на езеро кое нема и никогаш неможе да биде заситено од тии хемии
- едно коло направете го во рибникот жабени - па да се и тука некој издвои
предраг зиг риг на преспанско неможи да се фрла ??