Добредојде и од мене и честитки што ја застапувате земјата со срце и душа. Вчера доцна се видов со Кременадла и ги добив првите вистински впечатоци и еве според мене што е најважно што ние сме го немале, а дел од другите го имале
1. Хрватите биле 2 пати на тренинг на езерото, други некои биле и повеќе
Да дојдеш на вода да не маркираш, т.е да го знаеш како некое свое локално езеро на кое си ловел претходната недела и веднаш да почнеш да си ловиш без најмалку сомнеж, што, како, дали ќе проработи и сл.....Тоа ти е исто како нашава репрезентација сега за недела дена пак да отиде на езерото, да се врати со дополнителни искуства од сегашниве и после пак да отиде на натревар. Разликата на тие што тренирале, до тие што не тренирале е ОГРОМНА (Информации, искуство, тактики, топли води, прихрана и куп други инфо ) А кога зборуваме за тренинг, уствари зборуваме за пари, како што чув хрватите имале цела табла позади нив со купишта наредени спонзори, плус федерација од кај нив ги појачала со повеќе илјади евра. Слушајќи го ова прво што ми текна е да се размисли да се прескочи една година, а оние што би се пласирале во лига 2015 да одат на светско во 2016 (а во 2015-та, или на почетокот на 2016 кога е можно да одат бар на еден тренинг-кој би се финансирал од парите од прескочената година) и така да се фати ритам и секој нареден што ќе се пласира да оди следната година, чисто како размислување.
2. Спремност за повеќе тактики. Ќе цитирам една реченица која на Кременадла му ја кажал некој Србин која многу кажува “Ееее 15 години работам и учам куп луѓе за стариот и традиционален начин на риболов и таман кога влегов во сите тајни на бојлите, сега некои деца се заебаваат со мене и ловат на сунѓери
“ Не значи дека на следното светско ќе работи ЗИГот како и на ова, ама дефинитивно ова е нов тип на фаќање кој влегува на голема врата и скоро се израмнува со традиционалниот. И уште една работа - Да зигот работи и ноќе, тоа веќе не е дилема. Така што секој што има амбиции за на светско треба да навлага асално во овој стил, од секој асект.
3. Фрлање далеку, не е пресудно, но можно и да биде и секој треба физички и со опрема да биде спремен да храни и фрла што подалеку. Зошто ако ти почнеш да добиваш риба на 110, тој што фрла и храни на 150 може многу лесно да се врати на 110 и да проба да ти ги земе рибите, НО ако тој почне да добива риба на 150, а ти неможеш да дофрлиш толку, тој е во голема предност. Така што треба убаво да се споделат инфорамациите, требале и изминати години да се споделат......како што чув конци од 22 мм,...тенки плетеници и куп други работи ...ама ај да не прераскажувам, има директни учесници, они најдобро знаат