Утре тргаме за Перуџа. Возбудата полека но сигурно почнува да кулминира.
Кога ќе погледнам зад себе (не сум сеуште на крајот од патот
) не можам а да не Ви пренесам некои импресии и чувства.
Прв пат учествував на СП во Белград 2007 година во својство на селектор (капитен) на репрезентацијата. Тоа беше период на веќе воспоставени антагонизми меѓу крапџиите. Сепак на крајот бевме задоволни од уште едно искуство (за многумина прв пат). Запознавме пријатели со кои и ден денес сме во контакт. Ќе останат во сеќавање добиените хемороиди од велосипедот, цвергланите под шаторот на Охриѓани, за прв пат видовме хранење со лопата (ЈАР) и скршените параболици на Месарош. Мокри стана светски првак.
Следната година (2008), по низа перипетии сепак отидовме во ЈАР. Незаборавно доживување (како натпреварувач) кое на многумина на овој форум веќе им е познато. Има работи кои никогаш нема да се повторат.
Во 2009 година (пак како селектор (капитен) учествував на СП во Франција. И покрај сите перипетии (политички и рибарски) сепак го постигнавме најголемиот успех до сега (8-то место на СП) најмногу благодарение на
-от велешки.
Следната 2010-та (пак како натпреварувач) во Англија. Незаборвно дружење на натпреварувачите во кампот во Оксфорд заедно со БИХ, Хрватска, Словенија, Србија. Иако антагонизмот достигна кулминација, сепак понесовме некакви искуства и големи пријателства. Овој антагонизам придонесе да се растури целата работа, што беше и причина да бидеме отсутни од Италија во 2011.
И се појави Рибар 2011-та, а Васил Костов загриза да ја оправи крапската приказна. Се случи Романија 2012 со незаборавна организација и МРФ за прв пат го подметна грбот за одење на СП. Овој нов бран се почуствува уште повеќе со прекрасната атмосфера на СП во Португалија и подмирување на гро-то трошоци од страна на МРФ.
Утре тргаме за Италија со сите подмирени трошоци. Ми останува да се брцнам во џебот за кафе и цигари, друго СЕ ми е платено. Дури и за кафе не ми даваат да се трошам. Овие од МРФ како некој вирус да ги има фатено.
Дај боже никогаш да не се "излечат" од него. Атмосферата од Државниот куп па наваму овие денови ја немам доживеано порано. А имам пат изодено. Најдоброто до сега ми се случува СЕГА. Мора да постигнеме добар резултат. А потоа, уште поубава бајка не очекува.
Нека ни е среќен патот и нека ни се бистри водите. Што и да се случи, јас ќе бидам победник.