Убавини.
24 земји пута 3 екипи = 72 позиции т.е. боксови. Погоре ја имаме шемата на позиции на езерото, детерминирана со 60 позиции.
Ме мрзи да вртам по базиве но мислам дека 2011 беше слично. Момците нека бидат спремни за бувљак стаза, со комшиски растојанија од 20-тина метри. Сето тоа ја зголемува и густината во однос на ловната површина односно од ловна до ловна површина растојанието ќе оди отприлика на 20-тина метри. Самата ловна површина е стандардна и е 20 м. (аксијалната карактеристика). Во зависност од конфигурацијата на теренот на оваа површина, тоа повлекува некаде не само што подалеку туку и многу прецизно ловење. Сето тоа и не е голем проблем. Проблем е покрупниот улов (над 10 кгр) да се задржи во таа површина (кешки нека ги има што повеќе
). Мнооогу полесно ќе биде ако се најдат адекватни длабочини на помало растојание (нормално и да држат риба).
Сите три екипи се топ подготвени, како во однос на опрема, така и за прихрана и мамци. Најповеќе во подготовките вложија Предраг и Тафта. Мислам дека тука некаде се за 72 саата со гарантиран мускул фибер (запаление) да ја истераат до крај. Не се пократки ни Јане и Оли ни Крки и Кременадла и убеден сум дека најсериозно ќе ја сватат целата работа и ќе се вложат целосно во овој натпревар. Едно можам да им порачам, никогаш во животот нема да го заборават.
Сепак треба голем ксмет со рачето и распореденоста на екипите посектори. Јас лично ќе бидам пресреќен ако од 24 земји бидеме во првите 10, а ако се поклопат лончињата може и да го подобриме најдобриот пласман до сега (8-мото место во Франција).
Ако е надежта голема и ако се желбите силни = одиме по медал. На секое СП сме тргнувале со таа желба. Но реалноста е дека има многу пат до таму. Сепак има подобро подготвени земји и со многу побогата традиција во успесите на СП.
На крај би го доловил моментот дека се наоѓаме во најдобриот период на развој на крапскиот натпреварувачки риболов. Вакви услови и атмосфера не сме имале никогаш. Сето тоа треба да влијае и врз очекувањата да го постигнеме најдобриот успех до сега.