.....
Дуки,може погрешно Те разбрав..
По твое треба ли ако некој пријател пример од Бугарија ме праша да му дадам инфо за езерото и јас да му кажам(го лажам) дека е се најдобро,идеално и не знам како,кога сите сме свесни дека не е така,колку и да сакаме да биде обратно?? Па ако се случи тоа да „изиграме„ некој екипи да изгубат куп пари,време итн.. Дури тогаш нема никогаш да видиме странска екипа во МК.
Мешаме работи. Борис убаво Ви објасни пријатели. Какво и да е езерото е исто за сите натпреварувачи. Дали е рибник и за добар пласман е потребно еден тон улов или е како Црничани со помал улов е релативна работа. Тоа е натпревар на ДРЖАВНИ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ ЕКИПИ. Приватните купови и слободниот риболов Ви отвара простор за слободен избор и одлука. Ова не е тоа. Кога немаме други ревири како некои од земјите учеснички и Црничани е добра вода ( а добро си е езерото
). Да имаше во него 5 тона убави крапови, друго ќе пишувавте. Балканските шампионати имаат принципи и секоја земја учесничка има обврска со ротации некогаш да биде домаќин и организатор. Не е тоа желба на Васил Костов или МРФ туку е обврска и иако не е статутарен член тогаш во најмала рака е морален принцип во прашање. Да плукаш по тоа што го имаш не е во ред. Тоа сме сите ние. Тоа што ти објективно си му пренел на колегата од Бугарија си е во ред ако културно ги посочиш основните карактеристики на езерото и како да постигне подобар улов и резултат. Но, ако информираш во стилот тоа е ѓубре од вода, риба нема никаква, полно е со треви како џунгла и не можеш риба да извадиш, ја крадат рибата, боксовите се како во каменолом да кампуваш е грда слика за самото езеро и не е баш се така црно.
И најважното. Не доаѓа пријателот твој од Бугарија да се изнапецка еден тон риба.
Доаѓа да натпреварува во подеднакви услови за сите учесници и да освои добар пласман за својата држава. Во тоа е разликата.
Тоа е исто ние да одбиевме учество на она каналот у Португалија на СП ако некој ни кажеше дека ќе имаме 2 риби у А сектор, некое рипче у Б и компир у мера у Ц сектор т.е. ако знаевме дека рибите и езерото се за никаде.
За мене е крајно некоректно да одбиеш учество на овој натпревар од сите аспекти. Исто како што е некоректно да си ја оцрнуваш единствената активна натпреварувачка вода во својата земја.
Не треба да лажеме, но не треба ни да плукаме по (како популарно ја нарекувате БАРА
) она што го имаме.