ај сега прочитај ја одлуката во С.В
Точно, донесена е одлука да се доделат под концесија неколку води во РМ, а со тоа е постапено по член 28 став 1 од Законот за рибарство и аквакултура.
точка 10 одлуката влегува во сила наредниот ден од објавувањето во С.В ---
датумот е 17-07 -2014
колку дена се поминати до денеска
И ова е точно, Владата носи одлука која стапува на сила наредниот ден од излегување во С.В., а потоа на ред е МЗШВ да постапи по член 28 став 2 со што ќе се официјализира концесијата и ќе се утврди рокот на важење ( член 28 став 3 ), односно во договорот ќе се наведе од кога ќе започне концесијата која ќе важи 6 години од тој датум.
точка 6 најповолниот понудувач во рок од 3 дена е должен да го потпише договорот
Да, ама кој договор да го потпишат концесионерите кога МЗШВ нема сеуште изготвено договори за концесиите што Владата одлучи да ги додели.
Ова се однесува за тоа кога избраните концесионери ќе добијат договор од МЗШВ, дали по пошта или пак ќе бидат повикани во Министерството за да потпишат, како што беше претходно.
Сега што да потпишат концесионерите во рок од 3 дена кога не добиле никаков договор и не се повикани од МЗШВ за потпишување на концесиските договори?
Овде јас гледам пропуст од страна на МЗШВ за тоа што се одолговлекува постапката за официјализирање на концесиите.
Според ова, до сега е постапено само по член 28 став 1 од Законот. За да се одреди датумот на почеток и крај на концесијата, односно за да се утврди рокот на концесијата ( член 28 став 3 ), мора прво да се постапи по член 28 став 2 и МЗШВ да потпише договори со најповолните понудувачи кои ги избрала Владата со својата одлука од пред еден месец. Во спротивно сеуште нема концесионер на водите кои со одлука на Владата треба што поскоро да добијат газди.