Кога некој спремал до сега повеке пати тендерска док. значи има искуство,не верувам дека има заборавено некој толку битен документ кој не може да се достави.
Тоа обично важи за фирми и бизнис, таму луѓето што спремаат тендерски се релативно профи во тоа, иако и таму има грешки,.... овде во нашава ситуација многу здруженија се зафркнуваат што оваа работа ја даваат да им ја прави секој....Спремањето на понудата е работа на Правник, а не на било кој, Претседател на здружението бил, секретар бил,..... глупости.....таа работа е на Правник кој детално точка по точка ќе ја спреми понудата и документите и кој разбира што е секој документ и каде може да се извади. И тука нема овој имал искуство, оној имал искуство, оној имал концесија па ај на него ќе му дадеме да ни ја спрема документацијата, или пак “абе тој и тој (не правник) ни ја спремаше пред 6 години тогаш добивме, не е можно сега да згрешил“.....Епа можно е, таков пример имаше Вардар, здружение кое постојано учествува на тендери, ама како што пиша Спиро, секоја нова постапка е нова тендерска, видоизменети услови и барања, нема “ај како што пуштивме лани, така и оваа година“...Вардар во 2011 мислам дека беше, не доби концесија на неколку ревири само заради пропуст во понудата за тие ревири, им фалеше некој документ, инаку со понуда мислам дека ќе победеа.....Слични банални работи имаше и за некои ревири каде што има само една понуда, нема ни конкуренција ни ништо, Комисијата отвара понудата пред сите, нема пр. ДРД образец, се тргна настрана како непотполна и комисијата не ја ни разгледува понатаму....тоа е закон и комисијата неможе да мрда лево-десно