www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 7:34 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 9:10 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Неколку дена пред викендот бев за Скопје,и нормално после работните активности-кафе во Ѓорче држава.Со Аце Максим во СП ПЛАНЕТ горе на тераса го склопувавме договорот за викендот.Таргет ни беа штуки,кленови и бојници.Околу припремата ништо не беше оставено на случајност.Отидовме до тој степен :lol: што јас на одење во Грција,поминав низ Бугарија и си земав пресни разиграни караши од еден рибник 60 комада,чисто да ја провоцираме штуката од самиот старт на излетот.Тргнување петок,и проба на различни локации.Договорот беше поручекта да се најдеме на зборното место и да правиме фешта ;) Јас и Мики започнавме во обиколка на разно разни канали,кои ги има во изобилство во тој предел .
[ img ]
Фаќавме периодично понекоја штука :arrow:
[ img ]
и се спремавме психички за првата ноќ :mrgreen: :mrgreen:
Ловевме што ловевме и правец на зборно место,каде што веќе не чекаше убав коледарски оган,ахахах
[ img ]
И нормално почнавме со пресна рибина фиеста :lol: :lol:
[ img ]
Појачавме на две места у исто време :D :D
[ img ]
Многу е вкусна ;)
[ img ]
Така изморени после една непроспиена ноќ,возење и ловење цел ден,се најадовме направивме тактика за утрешниот ден и како никогаш у живот,заспавме у 7 вечерта и спиевме до 6 сабајлето.
Тактиката беше,секој од нас да проба различни варијанти следнито утро,и да видиме каде ќе има успех.
И така и бидна,пробувавме на трева за бојник,на воблери,блинкери за штука и клен,на жив мамец,и секаде погодувавме право у центар.
Еве го првиот утрински лепотан кој не можеше да и одолее на Ујката.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Масјторите во акција за бојник :arrow:
[ img ]
И така започнавме јаки серии на риби.Штуката полуде,кленовите исто,бојникот како да не видел трева.
Собирање за ручек на зборното место и промена на улогите,ахаха.Штукаџиите поручекта за боник,бојничарите на спининг :lol: :lol:
Еве и малку атмосферата од едно ловиште на бојник :arrow:

[ img ]
[ img ]
Повторно прекрасен ден,малку време имавме за фотографирање и дојде ред на главната фиеста :mrgreen: :mrgreen: Колбасите :D
Логорска ватра од прв степен :arrow:
[ img ]
И припремата започна :arrow:
Салати :arrow:
[ img ]
Луковина :arrow:
[ img ]
и колбасите нормално :arrow:
[ img ]
И тука кога се започна,немаше кочници веќе :mrgreen: :mrgreen: а и после супер риболовен ден ;)
[ img ]
Да ви доловиме малку од атмосферата :lol: :lol:


И осамна ретко видено утро.Колку и да навестувавме и колку и да се надевавме-ова беше вонземно ;) Пиење по едно кафе на брзина,палење колите и сите на различни локации.Опрема за последното утро-СПИНИНГ и ништо друго.Јас и Бибе на една страна,Томче и Мики на друга и Аце -сам.
Еве еден пријател што го пропуштил последниот воз....
[ img ]
Со Бибе ги имавме најневеројатните 10 мин у живот,ахахаха удар на пет големи штуки.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Една загубивме ,но ќе не чека,ама најубавата успеавме да ја доловиме во живо ;)

Прекрасен капиталец од 6,300 ;) Ни ги пожолте гаќите :lol: :lol:
Виновникот :arrow:
[ img ]
А ни го скрши и кепчето.Брзо качување во кола,враќање по кеп,кога таму што да видиме.И Микии Томче се вратиле да ги остават рибите...и Аце исто :lol: :lol: Ќотек.Беше само 8 наутро.Џентлменски се договоривме уште едно кругче набрзина и пакување у сред јадење на рибата.Што е доста доста е.Бевме 5 души.Имавме деликатесна риба за сите доволно,и немаше што повеќе да форсираме.Уствари ,и времето за штука е пред нас ,пак ќе одиме ;) Така во 9-30 сите бевме на зборно место и следеше пакување и сликање со рибата,која излезе дека не била малку.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]
Имавме над 20 штуки и исто толку кленови.
Кленовите удараа само на Ујки и цикади.Нај погодена цикада се покажа една цикада Byron на мајстор Бибе.
Кленовите беа како од калап излезени кило до кило и пол.
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Се наполнивме адреналин,си направивме кефови,мераци.Батериите се полни и ќе држат сигурно недела дена ;) и после пак на старо место.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 9:20 am 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Феб 18, 2011 11:50 pm
МислењаCOLON8361
ЛокацијаCOLONSkopje
Odlicno decki, ste gi nacekale.
Poliz be za se te biva.
Bravo

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 9:29 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONНед Jул 10, 2011 1:06 pm
МислењаCOLON5485
Pa vie za cel forum ste fatile riba hahahaha ste gi zgazile so 20 razlika sportski kazano
alal neka vi e i neka se mnozat mislam za ovie nekolku meseci na diva voda deka ova e edno od pogolemite ulovi na riba pozdrav do celata ekipa.

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 9:35 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Дек 02, 2010 7:49 pm
МислењаCOLON1985
... Браво бе,ќејф сте напрајле, алал да ви е ... лиги уште ми течет, и од пржалото а и од риболовните активности :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 9:40 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Супер,кејфови невидени сте направиле,на сите полиња, и риби за мерак и дружење.Поздрав :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 9:44 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Шо убаи штуки и кленови, за мераци :)

Борис, еве ти права информација :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 10:11 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Apsolutno romanticno...... :o

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 10:27 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Ное 11, 2010 3:27 pm
МислењаCOLON184
...алал вера...права мајсторија... ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 10:29 am 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
лепота нема што, ние од друга страна во грција го сркавме од црнецот, ама кој си знае си фаќа, не за џабе рекле


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Сношти минав покрај вази :)))))))
ТемаИспратеноCOLONПон Ное 07, 2011 10:42 am 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONПон Ное 08, 2010 1:54 pm
МислењаCOLON98
ЛокацијаCOLONSkopje
izgleda ova ke bide reportaza na godinata.... ;)


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 1234»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 15 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum