www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Ное 12, 2024 6:55 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS8»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 31, 2014 6:36 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Не знам на кого и што му фалело во документите за да не се додели концесијата на тоа здружение, но сакам една многу важна работа да нагласам.
Читам овде дека за одредени здруженија кои конкурирале на конкурсот документите ги спремале професори на факултет и лица кои веќе еднаш имале искуство со такви документи и успеале да добијат концесија на одредена вода. Ова не е услов за да бидат документите комплетни. Овој конкурс беше распишан со многу големи измени во однос на претходниот, односно на конкурсот кога јас со Пастрмка - Струга конкурирав за концесија. На овој последниот конкурс се бараа еден куп документи кои воопшто не се бараа на минатиот конкурс, па ако не се читала внимателно тендерската документација сигурно ќе се направела грешка. Јас на сите што ми се обратија им кажав дека многу е важно да се чита тендерската документација детално и внимателно, а во исто време буквално да се почитува се што е таму напишано, да не се тумачи и да не се импровизира.

Еве еден пример од пред 2-3 години, односно од минатиот конкурс. Во тогашните документи се бараше ДРД од Централен регистар ( Документ за регистрирана дејност). Дел од конкурентите тогаш имаа досатвено Тековна состојба или Решение за регистрација исто така извадено од Централен регистар, со што веднаш беа отстранети од конкуренција. Јас лично кога отидов во Централен регистар и кога го побарав тој документ таму ми беше кажано дека Тековна состојба ќе ми заврши работа затоа што таму ги пишувало сите информации кои ги има во ДРД, но јас инсистирав да ми издадат ДРД иако немав претстава што е тоа. Подоцна се испостави дека многу ќе погрешев доколку ги послушав вработените во Централен регистар и по нивна сугестија доставев Тековна состојба. Тогаш кој ќе ми беше крив? Тие што со најдобра намера сакале да ми завршат реабота, или јас што не сум постапил буквално како што ми пишувало во тендерската документација?

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONЧет Jул 31, 2014 10:32 pm 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
реално и така се прават грешките - кога на барањето ти пише како кажа емил ДРД барајте ДРД а не што ке завршело работа

сепак мора да ви ја вратат документацијата и некое решение со објаснување каде е погрешено во постапката или кој документ фал. сето тоа ке одложи временски период од неколку месеци до објавување на нареден тендер и наново поднесување на понуди

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 01, 2014 9:00 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
filip030682 НапишиCOLON
Филип НапишиCOLON

Воедно е поништена постапката за доделување концесија за следните ревири бидејќи немало доставено ниту една прифатлива понуда:

Акумулација Глажња
Акумулација Липково
Sto znaci ova "nitu edna prifatliva voda" za ovie reviri konkurirase drustvoto za Lov i Ribolov Siponja od Lipkovo.Tenderskata dokumentacija im ja spremase profesor od fakultetot po ribarstvo i istata e podnesena na vreme,bas pred nekoj den go gledav arhivskiot broj sto im go dale pri predavanje na tenderskata dokumentacija.
Vo sluzbeniot vesnik e navedeno deka za ovie reviri ne e pristignata nitu edna ponuda do dadeniot rok.Malce cudno,ali kade zaglavila postapkata neznam stvarno.
Филип,
Пишува дека нема ниту една ПРИФАТЛИВА понуда,а не дека нема никаква понуда.Различно е.

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 01, 2014 9:22 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
Инаку работам (спремам) тендерски документации скоро секоја недела и се има случувано да некогаш,многу ретко,кога спремам од еднаш за повеке огласи (3-4) во една недела да заборавам некој документ и секогаш по евалуација на понудите ако тој заборавен документ не е од голема важност како банкарска гаранција и слично,од комисијата која ги разгледува понудуте ми пратат на маил известување или по телефон ме известат кој и кој док. фали за да го доставам и рок до кога можам да го доставам за да биде прифатлива понудата.

Зборот ми е до толку ли таа комисија не можела да го побара,да ги извести тие здр. кои учестувавле кој документ и фали и да им даде рок до кога да го достават кога веке нема ни една прифатлива понуда.Мислам дека е така подобро одколку како сега да остават ревирите без концесија.Што е уште по трагично на тие ревири ке нае*е некој риболовец додека рибокрадци ке си имат слобода.Конкретно мислам за ревирите на брегалница 2 и 3 на кој се мрежари слободно,посебно делот под село Разловци и Тработивиште пехчевско каде во сред бел ден си се поставуват мрежи.

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 01, 2014 9:54 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
понудите се даваат во затворен плик, кој на закажаниот датум ги отвара комисијата и тоа јавно пред сите присутни во салата кои дале понуди

- ако фали некој документ нема поправка - тоа значи и некомплетна документација

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 01, 2014 9:55 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Ное 18, 2010 10:28 pm
МислењаCOLON2806
ЛокацијаCOLONskopje
Pametno zboris, ali ovaa komisija e kako Cak Noris. ...ne prasta. ...bolje pusti reviri otkolku nekoj koncesioner bez kopija od centralen registar. ..

_________________
JA KAKO MAL IMAV MLECNI ZABI A SEGA IMAM 3 ST.CROIX......
DA ZIVEE SPINOT.................................................


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 01, 2014 9:59 am 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
:lepi:

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 01, 2014 10:04 am 
Отсутен
Ветеран
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Феб 26, 2011 4:07 pm
МислењаCOLON5851
ЛокацијаCOLONbitola
не е само комисијата во прашање тука се и публиката(сите присутни во салата), комисијата чита
--име на документот
- истиот го вади од пликот и им го покажува на (публиката),

ако некој док. го нема -- тоа плико се трга на страна и то е то

што ако има за тој ревир повеке пликоа(понуди) :?: -зато е така, за да не биди на овај му фалеше документ а зеде концесија пред онај кој не му фалела документација а изгубил за 1, 2, 5 бодови

_________________
-------- КоЈ ФаТи ><> ФатЕ - КоЈ Не ФаТЕ <>< Ке ФаТИ ---------
---------Piscator non solum piscatur------------


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 01, 2014 10:06 am 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Ное 06, 2010 10:29 am
МислењаCOLON2030
ЛокацијаCOLONКочани
spiro_jas НапишиCOLON
понудите се даваат во затворен плик, кој на закажаниот датум ги отвара комисијата и тоа јавно пред сите присутни во салата кои дале понуди

- ако фали некој документ нема поправка - тоа значи и некомплетна документација
Да да добро сум запознаен како иде тоа.Понудите се дават во затворен плик,се отварат пред сите учесници и се читаат само пример цена на понудата,цени поединечно по ставки,име на производителот (во мојот случај),а евалуација на понудите или разгледување на понудите не се прави јавно.
Може само некој документ од голема важност како некоја тех.спецификација да се прочита јавно доколку тоа го побара некој од присутните и тоа само со согласност од другата страна.
Кога некој спремал до сега повеке пати тендерска док. значи има искуство,не верувам дека има заборавено некој толку битен документ кој не може да се достави.

_________________
When you walk through a storm hold your head up high.....and don't be afraid of the dark.... at the end of the storm Is a golden sky....

Alliance Carp Team


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Концесионери 2014
ТемаИспратеноCOLONПет Aвг 01, 2014 10:22 am 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Димитар, јас на оваа проблематика работам 14 години. Прво, има разлика во постапките помеѓу законот за јавни набавки и законот за концесии. Во ЗЈН, ако ти недостига документ кој нема голема важност (за лична/професионална состојба или сл.), комисијата може да ти побара дополнително објаснување (дополнителна достава на документот), освен ако не е поинаку наведено во тендерската документација. Кај концесиите, ако ти фали еден документ, веднаш те елиминираат, а истото беше наведено и во тендерската документација во овој случај.
Имав случај пред неколку години кога на еден тендер за концесии наместо “бонитетна информација“, ставивме “бонитет“, односно извештај за биланс на успех и биланс на состојба, не елиминираа на самото отворање на понудите, па моравме да го поништуваме после тендерот на високо ниво :D

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «12345ELLIPSIS8»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum