ЈАс бев на 06.07.2014 на улив Козјак и не ми се допадна она што го видов.
Имаше рекреативни риболовци кои риболовеа во (јас колку што знам) забранета зона за риболов,каде што нема концесионер т.е. над река Белица и над мостот према Самоков,и сигурен сум и преку ноќ имало и мрежари, а тие сто риболовеа вадеа многу ситна попадика - Vimba Vimba.
А во Неделата додека вадев дневна риболовна дозвола кај наплатниот пункт кај Белица имаше и еден Прилепчанец што се правеше дека демек не може да ја најде легитимацијата во колата....отиде до кола и се врати и му рече на дечкото цитирам „врати ми ги парите,не можам да ја најдам сигурно некаде во ранецот ми испаднала,ако дојдат чуварите на езеро ќе ја најдам таму и таму ќе им платам на лице место“ на тоа дечкото му одговори дека не смее да му издаде дневна риболовна дозвола ако нема легитимација.
Инаку Келтан Човекот Прилепчанец беше.