Еве ја сликата:
Е сега бараш да ти се објасни нешто во врска со сликата, јас ќе пробам да објаснам иако не знам што точно те интересира.
На сликата имаш годишна дозвола за 2014 година на која што не пишува број на легитимација, тоа значи дека тој што ја има дозволата или воопшто нема легитимација (што би било прекршување на Законот од страна на тој што ја издал дозволата) или легитимацијата е во изработка.
Ме буни цената на дозволата. Оваа 2014 година нема никој од концесионерите пријавено таква цена на годишна дозвола. Од другата страна на дозволата треба да пишува кој ја издал таа дозвола и за каде важи, па ако не ти е тешко да направиш една слика и од другата страна ќе знаеме и за кој ревир важи и кој ја издал.
Тоа до дозволата е картонче за водење евиденција на уловени риби издадено од страна на Црна Река - Битола, а од тука претпоставувам дека лицето што ја поседува дозволата има легитимација од тоа здружение иако не е напишан бројот на легитимацијата на самата дозвола и на картончето. Ова го мислам затоа што картонче за евиденција на уловот се издава заедно со легитимацијата, односно од здружението каде што вадиш легитимација добиваш и такво картонче.
Друго не знам што би можел да прочитам од сликата.
Сепак ме интересира за кој ревир цената на годишна дозвола е 900 денари, а во МЗШВ нема пријавено таква цена.