Епа колеги шаранџиим стари мајсторишта а и млади дечки почетници во овој начин на риболовм еве и јас да пишам нешто и да кажам збор два околу целава работа - крапска лига.
Пред се да им честитам на победниците, секоја чест мајстори. Ај за Јане и за Предраг не ми е изненадување, сатри волци сем али дечкиве од Рибар 2011 изненадија и тоа фикс кец со коефициент 10.
Може да збориме среќа, ветерот им дувал, ова она - децата си озработија поштено.
Најголемо изненадување за мене е Ицо. Докажа мајсторот дека е мајстор и дека 80% од луѓево шаранџии може вода да му носат. Си знае бре детето и тоа е. Да го пуштиш, во бунар ке извади крап а не на 16 - позиција која заедно со 15 се ТАПА невидена.
Ние изработивме како сто треба и мислам (читај - тврдам) дека од 5та извадивме максимум што може да се извади.
Сега ги чекам официјалните резултати и да видиме кај сме -што сме, мислам дека по нашата пресметка треба да сме 7ми што и не е лошо после 16ка на прво коло + ИДЕ ДУНАВ и прекинат натпревар.
Што се однесува до езерото, не сакав да коментирам ама појако е од мене па морам.
Прво, кажете што сакате, сум имал езеро, сум правел натпревари и знам како изгледа 2 тона риба во езеро.
Ова...не ми изгледа така. Плус тоа, каде е црвеноперката карашот, ситниот крап од 300-400 грама ?
Како второ, а ова треба да го знаат сите што оделе на Велешко, Дебарско, Преспанско, Тиквешко...кога има мрежи во езерото рибата е исплашена и и треба долго време да излезе од тревите и да се рашета по езеро. Знам, Истатов се колне дека не е работено со мрежи и донекаде му верувам. Не е тој што ги фрлал мрежите. Тоа езеро е многу блиску до Дојран и кога ко намирисале локалните бандити... што мислите, тешко им било да дојдат без никој да ги види и да изработат ? Па јане и Предраг ги колчеле позициите прерипувајки преку оградата и цел ден работеле без никој да им дојде !!! И како влегле, завршиле работа, така и искочиле - прерипувајки.
Како и да е.Немаме друго па мора таму да биде. Но ова нека биде школо за класниот и за сите нас за во иднина.
Балканско првенство на Црничани ??? само се прашувам со кој образ ке излеземе пред другите странски екипи, И што ќе им понудиме.
Има време да се размислува и да се донесе добрав одлука. На крајот на краиштата и не мора да биде мала акумулација, Нека биде дива вода. По мене, Глобочица може да послужи многу добро.
Но има кој да мисли и да носи одлуки.
Уште еднаш честитки до победниците и се гледаме на вода.
Поздрав Свето Ѓуриќ
Sveto