Ништо посебно само да ви отворам тема пола за фалење за новиот ранец пола информативност ако некој сака да сподели место за добри квалитетни ранци што ќе држат,а да се скинат после 2 идење во природа како што на мене ми се има случено
Пари не ви кажувам не сум таков човек
Мал опис за ранецот капацитет пишуваше 55-75 литри направен од 600D водо-одпорен најлон со 3 додатни торби од исти материал направен 2 прегради каде што во гланата има посебен дел за ставање торба-кеса за хидрација и отвор за гуменото цевче од кое ќе се пие на врвот на ранецот покриено со велкро материал.
Вака ранецот не изгледа многу личен бидејќи е празен али може се убаво да се види.Следуваат дополнителни слики
Има додатни парчина материал сошиени како за тактичка употреба со што на него може да се додаваат ред други работи дали се тоа торби,компаси,сијалици,свирчиња.Металните карабинери јас ги ставив не одеа со самиот ранец али ете се објаснува сликовито вункцијата.
Како што можете да видите задниот дел е доста удобен и има да се закопчи на градите и на појасот за да не ти избега
Ова е внатрешноста првата и втората преграда доста прости нема многу додатоци внатре
Еве ги додатоците за ранецот кои се вадат и можат комотно да се користат сами по себе за некоја друга потреба или да си останат со ранецот многу се функционални
Со тоа торбиче во средината идеше внатре еден каиш за торбата да може посебно да се користи дали на појас или преку рамо се по избор на човекот си има 2 позиции за местење.
Еве начинот на кој се копча каишот,а и сите додатоци и можам да кажам дека фантастично држат.
Како све оно се мести
Пред
После
Дури и самите торбички ги имаат истите додатоци значи на торбите можеш да ставиш торби и како магаре да се товариш
Без додатни торби
Со додатни торби
Вака треба да изгледа завршениот продукт одкако ќе се врати од кај шнајдер
Уште да имамв вакво трпение и ваков апарат кога одам по риба ќе ги правев најдобрите репортажи
Поздрав и поубав ранец да си купите
ако најдете