РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am МислењаCOLON11616 ЛокацијаCOLONСкопје
За празнициве бев до Охрид и дури два пати отидов на риболов За првиот риболов ќе следува дополнителна репортажа по средување на материјалите, а сега набрзинка да ви го претставам краткиот излет до Дрим
Искористувајќи го (не)времето, со Емил и Јулио тркнаме до Дрим да фатиме некој клен на воблер пред да почне забраната (05.05)
Јулио веднаш не откачи, се фати за мојата мушичарка и остана да вежба зафрлување и вадење на плашки.
Јас и Емил отидовме малку надолу по реката, пробавме на повеќе “места за клен“, ама немавме удар. Рано било, 5 попладне, Емил бил договорен со кленот за подоцна
Почна да ни врне, но “нормалните“ риболовци не се плашат од дожд. Времето изгледаше вака (слушајте ги звуците од птиците):
По извесно време имав удар. Иако Емил ми кажа дека кленот бил ептен млитав, овој мојов влечеше како луд. Почнав да викам по Емил да го донесе кепчето, но и тој во исто време доби добар удар. Двајцата извадивме по еден клен во истиот момент. Мојот околу 700 грама, а на Емил мајсторски, над 1.3 кг по процена на Емил, а по мене барем 1.5 кг.
Јас го фатив на Ујка 2-ка, а Емил го извади на воблер од Кирца
Кленовите беа вратени назад, беа женки и имаа многу икра. Им се извинивме за малтретирањето и ги вративме назад.
Почна да врне посилно, пофрлавме уште малку, но без успех.
Се наоѓавме скоро пред Ташма, а колата ни беше кај Добовјане. Среќа што Танче рибочуварот беше на терен, па искиснати како глувци не собра на патот, ни пушти греење во колата и не однесе до кооперацијата во Враништа, традиционалното место за одмор и средување на импресии после риболов на Дрим Таму, благодарение на дождот кој не престана, продолжи дружбата со пиво и мезе уште неколку часа
До следниот излет, бистро
_________________ Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...
РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am МислењаCOLON1683
Ufff ovoj Emil go obozavam gi favorizira moive vobleri non stop , zaedno so Afrim i ete imalo ubav uspeh definitivno No1 vobler za taa voda e ovoj model, kako sto se pokaza i od Afrim ulovite ubava reportazicka bravos momci.... ova mi e dopolnitelen motiv za rabota blagodaram
РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am МислењаCOLON2536 ЛокацијаCOLONСтруга
Навистина беше ептен краток излет на Дрим , а да не беше Танче во близина за да не евакуира ќе беше многу интересно зошто само 10 минути покасно почна страшен дожд.
Инаку Кире јас ги форсирам твоите воблери затоа што ловат, дури и на Филип му реков дека често се случува баш твој воблер да ми извади риба кога на ништо друго не сака.
_________________ „Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“
... Филип фатил Клен од околу 700 грама и му влечел како луд биди среќен шо не те тргна во дримот, толкај риби се опасни по живот и не е чудно шо ве фатило невреме кога Филип е на риби
РегистриранCOLONПет Ное 12, 2010 9:34 am МислењаCOLON1930
Lepi НапишиCOLON
... Филип фатил Клен од околу 700 грама и му влечел како луд биди среќен шо не те тргна во дримот, толкај риби се опасни по живот и не е чудно шо ве фатило невреме кога Филип е на риби
_________________ Бора Чорба....“Како је лепо бити ГЛУП, О како је лепо бити ГЛУП“ ..
РегистриранCOLONВто Феб 05, 2013 11:17 am МислењаCOLON421
Filip i Emil klenoj istavet od rekana MORE! bravo dechki, nema nevreme za vas shtom na tie uslovi ste bile uporni da go poigrate klenko i sekako so tolkavi stomaci deka se polni ikra, respekat za catch and release vprochem vo ovoj del od godinata i chovechki e da se primenuva.
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 18 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум