Иако не можеме да се пофалиме со некој си улов на риба во денешниов случај,можам слободно да се пофалам од прекрасната ..РАЗГЛЕДНИЦА..на Националниот Парк Јасен.
Како многупати до сега, така и оваа репортажа од моиот излет ке ви ги покаже сите убавини на националниот парк --ЈАСЕН--почнувајки од преминот на кула --рампа-- па се до селото Белица .
Такви убави предели и моменти од дива природа мора да се доживеат за да можат да се опишат,и мое лично мислење е дека секој што е љубител на вакви и слични Авантури едноставно мора да си го дозволи тоа време поминато во таква природа без оглед на временските услови.
Акумулацијата Козјак изобилува со голем рибен фонд па ако рибарската среќа е на ваша страна може да ви се посреќи денот со богат улов на риба и прекрасно време поминато покрај вода,.
На ваквите и слични места човек може слободно да се исклучи на ..OF..
и да се дистанцира од цивилизацијата ,да се осеќа слободен ,удобно и сигурен со своето друштво.
Желни за природа ,риболов ,дружење се почесто се случува да се пуштиме во ваква или слична Авантура која би потрајала неколку дена а во најмал случај барем еден викенд.
По долгата и ладна зима ова е како мевлем за нашата душа,ги дочекавме и нашите пет минути,првите сончеви деново и одма покрај вода.
Подготвени за риболов на ..тапа...и ..длабинско.. понесени се повеке видови на мамци ,кои во самиот клип ке имате прилика да ги видите , и секако дека ке ви ги претставиме и мамците и начинот на риболов.
Се сместивме покрај вода ,си го направивме кампот за неколку дена и си почнавме со она што најдобро го знаеме...риболовот и релаксација..
Во денешниов случај не беше така , активна беше само ..ПОПАДИКАТА..и кој сакаше да ја лови ке имаше некоја риба.
Ладното време си го стори своето ,така да Кленот и Крапот не беа активни ,но сепак за нас и ова е дел од риболовот да имаш –СЛАБ-улов и воопшто не ми е срам да го кажам тоа .
Погледајте и самите ,ке видите дека Козјак и не е така суров како што некои од нас го претставуваат,а воедно и оние рибари кои не го посетиле ке имаат претстава за каков предел се работи.
Повекето од фотографираните куќи се наоѓаат под вода кога акумулацијата е полна , и едноставно не можев а да не дадам значение на тие моменти.
На ..тапа ..е ловена ситна бела риба ,Плашка,Попадика-
Мамец-
Бел црв
Калифорниски црв
Пченица
Шекерец
од риболовна опрема користено е конец -14 ка ,тапа не подвижна -2 и 3 гр
На длабинско користени се повеке мамци
Дренка
Чаирси
Пијавица
Буништарец
Коњоштип
Боили- но без успех понудени се толкава палета на мамци ,но рибата едноставно не сакаше да ги земе.
Еве ја и ..РАЗГЛЕДНИЦАТА..
Погледнете го клипот во..HD..резолуција за поквалитетна снимка.
Разгледницата му ја ветив на мојиот стар ..ПРИЈАТЕЛ ..Предраг нашиот Капитен
но пријателе иако не фативме некое поубаво парче риба ,попадичиња имаше доволно,но сепак времето поминато во природа е бесценето..
Си немал ..Рибарот..работа па си фотографирал стари куќи ..што би рекол колегата -ИВАНОВ..
--БИСТРО-- до наредната ,во која се надеваме дека ке има поголеми ..РИБКИ..
П.С.Риба сепак однесовме дома но од РИБНИКОТ во С.БЕЛИЦА.
_________________ Reporter of the Jear- 2012-,-13-,-14-,
Оки стар пријателе за разгледницата можам само да ти се и Ви најавувам на тебе и твојата екипа (Даце и Горан) дека во следната прилика ќе Ве изненадам и ќе ве посетам да видам дали стварно онака убаво и комплетно поминувате покрај вода
РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am МислењаCOLON1683
-Oki care ma toa reportazi so merak praveni covece , bravo alal da ti e i ti posakuvam i godinava reporter i po 3 pat da ni stanes No.1 kakva dolovena priroda covece skockano abe za merak, koj ne otisol na voda so na Oki edno klipce ke se zasiti , bravos majstore a za krapot ke dojde nareden pat....
bravo oki super reportaza za moeto omileno mesto za ribolov. a be ico tie ne otidoa drva da fakaat, ribi vazno ima.a za skara kolku ke si odnesis tolku ke jadis.uste sega se ostram za kozjak samo pomini ligata.
РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am МислењаCOLON1683
ico baits НапишиCOLON
kaj e skarava kolegi,,
ovoj kozjak edno drvo nema , so tolku merak za ovaa voda
Icka ko tebe sto ti e merak Velesko ezero a i pred vrata , taka i nas Skopjani omilena destinacija ni e kozjak , no veruvaj za brzo vreme ezerovo ke se pofali so kapitalni primeroci na krap, do dosa pastrmki veke ima..... mlado ezero e mu treba vreme da zazeleni baska Velesko e biblija .
A i riba si drzi fala bogu nema da te ostavi bez nisto ....
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 66 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум