Реката пресече и неколку прилази, ( но за рибар нема препреки
), така да сега на некои езерца се доаѓа само од кај селото, а за другите по горниот пат (пред влезот во Катланово - десно). Од кај сепарацијата неможе - сеуште има 2 камиона чакал врз цевките. До сега немаа концесионер (мада ВАРДАР се наоѓаше за надлежен). Се надевам дека сега некој ќе ги земе, ќе направи приоди и ќе воспостави чуварска служба. Тогаш, верувајте ќе биде ТОП дестинација
Патот од село до рибникот е овие денови асфалтиран
,па ќе биде поудобно и побрзо пристигнувањето до езерцата-дупките,инаку патот пред влезот во Катланово десно е истиот пат до рибникот-село и догодина треба да се асфалтира целиот,но сега има дупки па подобро е низ Бадар.
Слушам дека има заинтересирани да ги земат дупките под концесија и имаат големи планови таму.Порано беа во склот со Пчиња како рекреативна зона Бадар,сега се одделени и можат да се земат само езерцата.Веројатно е направено смислено
но нам ни е битно да има риба,а има неоспорно, и да се чуваат добро,секако и да се уреди просторот, пристап,да се исчисти...
Езерцата се преполни со трева и затоа неможе да ги испразнат со мрежи,а сум гледал дупнати мрежи од крап,огромни дупки