Колеги крапџии еве некое инфо за лигата за да нема погрешни наведувања.
Сеуште со сигурност не се знае дали ќе ловиме на Жабени трето коло (но ќе знаеме денес утре) !!!
Значи дека доколку се 16 екипи се лови во три кола и тоа оние кој ќе ловат во прво коло од страна на дрвата (шумата) во второ коло ќе ловат од чистата страна, а трето коло сите во еден ред на Жабени.
Доколку се лови на Жабени тоа е езерото број 3/2 (значи езерото 3 е поделено со насип на две 3/1 и 3/2) во "нашешето"
езеро 3/2 има вода (фалат иште 20см.)а онаа слика која ја ставил Јане без вода е некое друго езеро. Ова езеро 3/2 е со димензии 750м. по страната од кај што ќе ловиме на 470м. далечина на другата обала (големина на езерото 32 хектари). Длабочината на езерото од страната кај што ќе ловиме е 2-2,5м а завршува на 70см. За сите екипи ќе биде исто и сите ќе ја имаат истата длабочина. На некој си 200м. од обалата каде што ќе ловиме ќе имаме 1-1,5м длабочина. Дното е чисто и нема никакви закачки (препреки) ни камен ни корен туку навалена тепсија
Рибниот фонд ќе биде од 3 тона - 7-8 тона на риба а ќе има конзумен крап од 1-1,5кг.(најголем број), матици 150 комада 6-12кг., сом капиталци, караш, ситен крап од 50гр.-500гр.,
Онаа страна од кај што ќе ловиме ќе биде поминато со багер (израмнето), ќе биде запалена трската а покрај обалата ќе биде искосена исто и позади нас према пругата каде ќе бидат поставени боксовите ќе биде исчистено. Единствен проблем е висината од каде ќе се црпе и каде ќе се пуштаат чуварките па се договараме да се направат (ископаат )скали за секој бокс.
Понатака (доколку се лови на Жабени) ќе биде забранет пристап на посетители т.с. ќе можат да гледаат само од другата страна. Први ќе одат позиција број 1,па 2,.... и секој со колата до самиот бокс, така се останува се до крајот, сите ќе си обезбедиме јадење за цел натпревар а вода ќе може да ни донесат тазе во однапред договорен термин и тоа ќе биде задолжен еден од вработените во рибникот( за да нема поминување во боксовите).