Тафта,
ПРОЕКТ: ЦРНИЧАНИ 2-СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА НАТПРВАРУВАЊАТА ВО КРАПСКИОТ РИБОЛОВ
ВРЕМЕ: Нешто помеѓу 23 и 24.03. 2013
ПРЕДМЕТ: Тркалезна маса за Лигата 2013
ВОВЕД: ДИПОВИ - Johnie Walker,Ж'та, Бела; МИКСОВИ - салатки, кикиритки, кулени, чајни, качкаваљи, сирења...
ГЛАВЕН ДЕЛ: Бело, Црно, Скопско, Битолско...., суџук, крањска, скараџиска, пастрмајлии....
ЗАКЛУЧОЦИ: Рецитал на Тафта за суштината на крапскиот живот и скица на стазата за Лигата 2013.
ЗАКЛУЧОЦИ: Рецитал на Тафта за суштината на крапскиот живот
Јас сум за осврт на Тафта и неговите погледи да бидат донесени на високо ниво... пар екселанс!
Сакам да биде се исклучително и во таква форма од причина што тоа ќе биде доживување за помнење.
Исто така сакам да ја чујам метафората во која се дава надеж за идните генерации.
Во една завиена форма на соло осврт да се даде една слика за актерите во оваа лига и нивните намери.
Најбитно од се е да Тафта удри акцент на Лигата 2013 како причинител за нови успеси и нејзината перфекција во движење.
Како заклучок може да до прецизира за фактите кои ќе бидат од срце изложени кон крапскиот аудиториум за да
сето тоа биде едно ново заживување на крапскиот риболов како што му доликува.
Мислам дека треба да му се даде честа на овој актер (Тафта) и неговата визија за крапскиот риболов, да ја прогласи "лигата за отворена" на свеченост на 17 мај.
Благодарам.
Почитуван колега Spaiva
По долго разгледување и анализа, аудиториумот на Форумот за крапски натпреварувачки риболов одлучи да го осуди колегата Тафта и во целост да ги прифати Вашите предлози.
Егзекуцијата ќе биде извршена на 23.03.2013 во вечерните часови, како и на 17.05.2013.
Со почит,
Почитуван колега Маркс,
Посетата на Црничани на ден 24.03.2013год. според член 1 од Крапскиот весник, закон за средби се одобрува
да Тафта во улога на главен актер донира и 2л. Жолта Паланечка режанка.
Истата да биде аператив за сите членови кои ќе бидат присатни на неговиот осврт кој по повод вашата иницијатива
за посета на местолокацијата Црничани ќе биде именувана - ЗГРАПЧИ ГО ДЕНОТ.
Главниот слоган и мото кое ќе биде препознатливо за крапскиот аудиториум и крапската јавност ќе биде "Перфекција во движење".
Со почит,
nemojte da ja zaboravite mojata ruska za prvo kolo