Ајде ќе пробам да образложам за оние кои незнаат а може да потврдат оние кои знаат.
1. Еден крапски тим како што се велеше е КРАПСКО ДУО!!! со резерва или капитен на екипата кој може да замени некој од двајцата натпреварувачи.
2. На купови се доделуваат по два пехари за секое ДУО ( третиот резервата е фигуративна)
3. Секогаш постоеле ДУА или двајца одлични крапџии а третиот повторно ќе кажам е за недај боже кој во повеќето ситуации се пополнува ради реда.
4. Не е крапскиот тим како кај пливкарите па сите тројца учествуваат во котизација, храна и прихрана, туку ударното ДУОТО се тие кој ја сносат целата финансија, а третиот фигурира само ако мора.
5. Однапред се знае кај крапскот тим доколку се пласираат на светско КОЈ се двајцата кој ќе одат на светско (кое е ударното ДУО ).
6 На светско првенство се пријавуваат 11 члена делегација или 6 натпреварувачи, 2 резерви, 2 капитена и еден делагат или официјален претставник. Секој од споменатите си има своја задача и улога ( да се оди на состаноци, да се пратат како и што треба во трите сектори..) Замена се прави САМО доколку се има потреба и се пријавува како здравствен проблем, болест, повреда...но реално замените се прават кога некоја екипа нема фрлач а треба да се излезе далеку, кога некоја екипа неможе да постигне нешто што резервата може. Капитенот пријавува замена и тоа може да е замена на еден тим (ДУО) со двајцата резерви (кој се уиграни) со сосема нова (нивна опрема) НО тое се прави ретко поради фактот што доколку настане некоја повреда на останатите две дуа или се разболи остануваме без резерва а сам неможе т.с. несмее да се продолжи (така настанува хендикеп за целата репрезентација).
7. Ајде нека проба некој да наброи кои крапски тим ДУО е со тројца или пак четворица УИГРАНИ, квалитетни крпаџии.
8. Одлуките ги донесува УО на МРФ и како такви ние мораме да ги прифатиме без разлика дали се сложуваме или не, но сепак целта на сите нас е да се успее да отидеме чекор понапред за што поуспешен настап на светските и балканските првенства