П Р О П О З И Ц И И
за натпревари во 2014 година
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овие пропозиции поблиску се уредуваат прашањата во врска со организирањето на натпреварите од страна на МРФ и ЗСР, СРК, СРД, (скратено име за сите риболовни здруженија и клубови во понатамошниот текст е РЗК) и тоа:
1. Прва лига сениори – „Пливка“;
2. Прва "Супер Лига" сениори - „Пливка;
3. Прва лига сениори – „Крап;
4. Државно првенство на Република Македонија;
5. Куп на Република Македонијa;
6. Средби на спортски риболовци;
7. Натпревари во организација на РЗК.
Член 2
Натпреварите на кои се однесуваат овие Пропозиции, во сите дисциплини и конкуренции, се одржуваат согласно Правилата и Правилникот за организирање на натпревари во спортски риболов во Р. Македонија.
Член 3
Со натпреварите раководат:
≠ Организаторот (МРФ или РЗК)
≠ Натпреварувачката комисија (МРФ или РЗК)
Член 4
МРФ изработува Календар за натпревари во спортски риболов, за секоја натпревару-вачка година одделно.
Во истиот се внесуваат датумите и местото на одржувањето на натпреварите во сите дисциплини и конкуренции.
Член 5
РЗК, организатори на натпревари во спортски риболов, до Македонска Риболовна Федерација, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државен инспекторат за земјоделство и Агенција за млади и спорт, доставуваат Програма со времето и местото на одржувањето на натпреварот најмалку 15 дена пред одржувањето на истиот.
II. ЛИГА НАТПРЕВАРИ
Член 6
Лига натпреварите го носат името:
- Прва спортско риболовна лига „Пливка“ - сениори (доколку има спонзор се додава и името на спонзорот).
- "Супер Лига" сениори - „Пливка;
- Прва спортско риболовна лига „Крап“ (доколку има спонзор се додава и името на спонзорот).
Прва спортско риболовна лига „Пливка“ - сениори:
Член 7
Екипите во Првата спортско риболовна лига „Пливка“, во конкуренција сениори, ќе бидат составени од по 3 (три) натпреварувачи, 1 (еден) резервен натпреварувач и 1 (еден) капитен на екипата.
Натпреварувач, во иста календарска година, има право на настап само за екипа на РЗК во која е пријавен пред започнувањето на натпреварите. Доколку РЗК пријави две екипи во лига натпреварите може да настапува само за екипа во која е пријавен.
Циклусот на натпреварите за натпреварувачка 2014 година ќе трае 5 (пет) кола така да секое коло претставува посебен натпревар и се одржува во еден ден.
Првата спортско риболовна лига „Пливка“ нема да се одржи доколку за истата се пријават помалку од 8 (осум) екипи.
Дозволен е прибор по слободен избор, без ограничување на вид и големина на риба.
Натпреварите ќе траат 4 часа не сметајќи го времето за подготовка.
Член 8
Право на учество во Првата спортско риболовна лига „Пливка“, во натпреварувачката 2014 година, имаат сите РЗК со не повеќе од 2 (две) екипи доколку благовремено се пријават и ја уплатат пропишаната котизација за овој натпревар.
Член 9
Дозволена количина на прихрана за лигата е 20 литри во влажна сотојба, плус до 2,5 литри мамки, од кои најмногу 1 литар ларва на комарец („vers de vase“) и тоа за прихрана и мамки заедно.
Секој натпреварувач задолжително на натпревар да има мерици за проверка на количина на мамки и кофи со официјална мерка од производителот за проверка на количината на прихрана.
Член 10
Пресметувањето на резултатите ќе се врши согласно Правилата за натпревари во спортски риболов во Р. Македонија.
Само за пресметување на резултатите за пласман во „Супер Лигата“ ќе се бодуваат најдобрите 4 (четири) резултати од 5 (пет) одржани кола.
Член 11
избришан
Член 12
Најдобро пласираната екипа во Првата спортско риболовна лига „Пливка“ се стекнува со епитетот Државен првак на Р. Македонија во дисциплина „Пливка“ - сениори за 2014 година.
Најдобро пласираниот натпреварувач во поединечна конкуренција се стекнува со епитетот Државен првак за 2014 година.
Супер риболовна лига во дисциплина „Пливка“:
Член 13
Натпреварите во "Супер Лигата" во конкуренција сениори, во дисциплина „Пливка“, ќе се одржат само во поединечна конкуренција.
Циклусот на натпреварите ќе трае 5 (пет) кола така да секое коло претставува посебен натпревар и се одржува во еден ден.
"Супер Лигата" нема да се одржи доколку за истата се пријават помалку од 10 (десет) натпреварувачи.
Натпреварите ќе траат 4 (четири) часа не сметајќи го времето за подготовка.
Член 14
Право на учество во "Супер Лигата" имаат 20 (дваесет) првопласирани натпреварувачи од Првата риболовна лига „Пливка“, доколку благовремено се пријават и ја уплатат пропишаната котизација за овој натпревар.
Член 15
Дозволена количина на прихрана за лигата е 20 литри во влажна сотојба, плус до 2,5 литри мамки, од кои најмногу 1 литар ларва на комарец („vers de vase“) и тоа за прихрана и мамки заедно.
Секој натпреварувач задолжително на натпревар да има мерици за проверка на количина на мамки и кофи со официјална мерка од производителот за проверка на количината на прихрана.
Приборот за учество во супер лигата се ограничува на „штек“ и „меч“.
Член 16
Пресметувањето на резултатите ќе се врши согласно Правилата за натпревари во спортски риболов во Р. Македонија.
За пресметување на конечните резултатите во "Супер Лигата" се земаат најдобрите 4 (четири) резултати од 5 (пет) одржани кола. Тоа значи дека секој натпреварувач има право да одсуствува од учество на едно коло од лигата. За одсуство на повеќе од едно коло во "Супер Лигата" натпреварувачот за тоа коло добива 0 (нула) бодови.
Член 17
Најдобро пласираниот поединец во "Супер Лигата" се стекнува со епитетот Првак на "Супер Лига" во дисциплина „Пливка“ - сениори за 2014 година.
Член 18
Од најдобро пласирани натпреварувачи во "Првата" и "Супер Лигата" се избираат најдобрите поединци во дисциплина „Пливка“ - сениори за 2014 година.
III. ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО на РМ
Член 25
Право на учество на Државното првенство на Р.Македонија во дисциплината „Пливка“ за сениорки, јуниори/ки и кадети/ки имаат сите РЗК, членки на МРФ, со најмногу до две екипи, доколку благовремено се пријават за натпреварот и ја уплатат пропишаната котизација.
Натпреварот во конкуренција кадети/ки и јуниори/ки нема да се одржи доколку се пријават помалку од 4 (четири) екипи во одредена конкуренција.
Доколку за натпреварот се пријават помалку од 4 (четири) екипи во одредена конкуренција, натпреварот ќе се одржи само во поединечена конкуренција доколку се пријават најмалку 8 (осум) натпреварувачи.
Натпреварот во конкуренција сениорки нема да се одржи доколку се пријават помалку од 3 (три) екипи.
Доколку за натпреварот се пријават помалку од 3 (три) екипи, натпреварот ќе се одржи само во поединечена конкуренција доколку се пријават најмалку 6 (шест) натпреварувачки.
Натпреварите во конкуренција сениорки и јуниори/ки ќе траат 3 (три) часа не сметајќи го времето за подготовка а во конкуренција кадети/ки 2 (два) часа не сметајќи го времето за подготовка.
Дозволен е прибор по слободен избор, без ограничување на вид и големина на риба.
Член 26
Екипите за Државното првенство, во дисциплината „Пливка“, во категории сениорки и јуниори/ки се составени од 3 (три) натпреварувачи, 1 (еден) резервен натпреварувач и 1 (еден) капитен на екипа, а во конкуренција кадети/ки од 3 (три) натпреварувачи, 1 (еден) резервен натпреварувач и 2 (двајца) капитени на екипа .
Член 27
Пресметувањето на резултатите ќе се врши согласно Правилата за натпревари во спортски риболов во Р. Македонија.
Член 28
Најдобро пласираниот поединец и екипа се стекнуваат со епитет Државен првак на Р.Македонија во дадената дисциплина и дадената конкуренција за 2014 година.
IV. КУП НА РМ
Член 29
Купот на Р. Македонија во дисциплинат „Пливка“, во категорија сениори/ки, се одржува во чест на националниот празник 2-ри Август и го носи името "Куп ИЛИНДЕН".
Купот на Р. Македонија, во дисциплината „Пливка“, во категорија јуниори/ки и кадети/ки, се одржува секоја година и го носи името "Куп РИБАРЧЕ".
Купот на Р. Македонија, во дисциплината „Крап“ во категорија сениори, се одржува секоја година во чест на националниот празник 8-ми Септември и го носи името "Куп 8-ми Септември".
Член 30
Право на учество имаат сите членки на МРФ.
Во дисциплината „Пливка“, во сите категории, со максимум до две екипи, доколку навреме поднесат пријава и ја уплатат пропишаната котизација за овој натпревар.
На Куп натпреварите во дисциплината „Пливка“, во конкуренција сениoри, кадети и јуниори РЗК може да пријави екипи независно од составот во кој настапувале во лига натпреварите одн. државното првенство, но постигнатите резултати нема да бидат бодувани во избор на екипи за учество на меѓународни натпревари и во изборот за екипа на година. Резултатите ќе се собираат само доколку екипата настапи во ист состав на Купот и лига натпреварите.
Во дисциплината „Крап“ со неограничен број на екипи (дуа), доколку навреме поднесат пријава за екипите и ја уплатат пропишаната котизација за овој натпревар.
Член 31
Екипите се составени:
- Во дисциплина „Пливка“, во конкуренција сениори/ки, и јуниори/ки од 3 (три) натпреварувачи, 1 (еден) капитен на екипа и 1 (еден) резервен натпреварувач, а во конкуренција кадети/ки од 3 (три) натпреварувачи, 1 (еден) резервен натпреварувач и 2 (двајца) капитени на екипа.
- Во дисциплината „Крап“, конкуренција сениори, од дуо (2 натпреварувачи), 1 (еден) резервен натпреварувач и 1 (еден) капитен на екипа.
Во дисциплината „пливка“ дозволен е прибор за ловење по слободен избор и улов на сите видови и големини на риби а времетраењето на натпреварите во конкуренција сениори е 4 (четири) часа, во конкуренција сениорки и јуниори/ки 3 (три) часа а во конкуренција кадети/ки 2 (два) часа не сметајќи го времето за подготовка.
Натпреварите нема да се одржат доколку се пријават помалку од 4(четири) екипи во конкуренција кадети/ки и јуниори/ки, 3 (три) во конкуренција сениорки, а за конкуренција сениори најмалку 8 (осум) екипи во дисциплината „Пливка“ и 6 (шест) во дисциплина „Крап“.
Член 32
Во сите дисциплини резултатите се утврдуваат само во екипна конкуренција, освен за избор за спортист на годината каде се бодува и поединечниот резултат.
Најдобро пласираната екипа се стекнува со епитет Победник на Купот за 2014 година за дадената дисциплина и дадената конкуренција.
V. СРЕДБИ на СПОРТСКИ РИБОЛОВЦИ
Средба на ВЕТЕРАНИ
Член 33
Средбата на ВЕТЕРАНИ спортски риболовци, во дисциплината „Пливка“, се одржува во екипна и поединечна конкуренција.
Право на учество имаат сите РЗК,членки на МРФ со најмногу до 3 (три) екипи.
На оваа средба учество можат да земат и други екипи , доколку МРФ даде согласност за учество (пример екипа на МРФ и сл.)
Член 34
Екипите се составени од 3 (три) натпреварувачи, 1 (еден) капитен на екипа и 1 (еден) резервен натпреварувач и може да биде составена од мажи, жени или комбинирано.
Членови на екипата можат да бидат само спортски риболовци кои во годината во која се одржува натпреварот полнат 60 години и повозрасни.
Дозволен е прибор за ловење по слободен избор и улов на сите видови и големини на риби.
Натпреварот ќе трае 3 (три) часа не сметајќи го времето за подготовка.
Член 35
Победникот на средбата, екипата и поединецот, се стекнува со епитет Победник на средбата на ветерани во дисциплината „Пливка“ за 2014 година.
Средба на СПОРТСКО-РИБОЛОВНИ СУДИИ И ЧЛЕНОВИ НА УО
Член 36
Право на учество имаат сите судии и членови на УО на Македонската Риболовна Федерација доколку се регистрирани спортски риболовци во тековната 2014 година.
Член 37
Натпреварот се одржува во дисциплина „Пливка“ во екипна и поединечна конкурен-ција.
Дозволен е прибор за ловење по слободен избор и улов на сите видови и големини на риби.
Натпреварот ќе трае 3 (три) часа не сметајќи го времето за подготовка.
Член 38
Победникот на средбата се стекнува со епитет Победник на Средбата на спортско-риболовните судии и членови на УО во дисциплината „Пливка“ за 2014 година.
VI. НАТПРЕВАРИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА РЗК
Член 39
РЗК можат да организираат натпревари во спортски риболов:
• помеѓу членовите на РЗК (клубски натпревари),
• помеѓу екипи од Р. Македонија и со учество на екипи од други држави, во сите категории на натпреварувачи и сите дисциплини.
VII. ИЗБОР НА НАТПРЕВАРУВАЧИ ЗА СОСТАВ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЕКИПИ КОИ ЌЕ УЧЕСТВУВААТ НА МЕЃУНАРОДНИ НАТПРЕВАРИ
Избот на натпреварувачи за состав на репрезентација во дисциплината „Пливка“:
Член 40
За избор на натпреварувачи за состав на репрезентацијата во дисциплината „Пливка“ во 2015 година се земаат во предвид резултатите остварени во Првата спортско риболовна лига „Пливка“ и „Супер Лигата“.
Доколку до определениот рок за учество во „Супер лига“ не се пријават првите 20 (дваесет) пласирани натпреварувачи во лигата можност за учество ќе се даде и на натпреварувачите пласирани под 20-тото место по редослед остварен во Првата спортско риболовна лига. Максимален број на натпреварувачи во „Супер лигата“ е 20 (дваесет).
Од Првата спортско риболовна лига „Пливка“ првопласираните натпреварувачи пренесуваат бодови во „Супер лигата“ и тоа:
Натпреварувачите пласирани од 1-5 место: 10 бода
Натпреварувачите пласирани од 6-10 место: 8 бода
Натпреварувачите пласирани од 11-15 место: 6 бода
Натпреварувачите пласирани од 16-20 место: 4 бода
Натпреварувачите пласирани под 20-то место: 2 бода
Во првото коло од „Супер лигата“ натпреварувачите во лига натпреварите пласирани од 1-5 место ја формираат 1-та група, натпреварувачите во лига натпреварите пласирани од 6-10 место ја формираат 2-та група, натпреварувачите во лига натпреварите пласирани од 11-15 место ја формираат 3-та група и натпреварувачите во лига натпреварите пласирани од 16-20 место и подолу ја формираат 4-та група.
Од 20-те натпреварувачи се формираат 4 (четири) групи со по 5 (пет) натпреварувачи.
Извлекувањето се одвива по следниот редослед:
Први извлекуваат натпреварувачите од 1-та група за зони во кои ќе натпреваруваат за да не се случи да бидат на стартни места едн до друг а потоа за стартни места во своите зони. Единствено може да се случи да бидат на две последователни места на патека доколку извлечат броеви последни во едната и први во наредната зона. Потоа извлекуваат стартни броеви натпреварувачите од 2-та, 3-та и 4-та група според остварениот пласман.
Групите за наредните кола (2-ро, 3-то, 4-то и 5-то) се формираат според збирот на бодовите пренесени од првата лига и освоени во претходното коло/а од „Супер лигата“.
Доколку за учество во „Супер лигата“ се пријават, или на било кое коло се присатни помалку од 18 (осумнаесет) натпреварувачи, извлекувањето за стартни места ќе се врши според моментално остварениот пласман од Првата спортско риболовна лига „Пливка“ и претходно одржани натпревари во „Супер Лигата“.Во случај на исти број на бодови предност во извлекувањето има натпреварувач со поголема изловена тежина во претходно одржаните кола од „Супер Лигата“.
Во „Супер Лигата“ првопласираниот натпреварувач, без оглед на бројот на пријавени натпреварувачи, освојува 20 (дваесет) бодови, второпласираниот 19 (деветнаесет) и т.н за секое коло одделно.
При пресметување на конечниот пласман, доколку два или повеќе натпреварувачи освојат исти збир на бодови од „Првата лига“ и „Супер лигата“, подобар пласман ќе има натпреварувачот со поголем збир на вкупна уловена тежина на риба од двете лиги.
Најдобрите 10 (десет) поединци со најголем збир на бодови во дисциплината „Пливка“ од "Првата" и "Супер Лигата", остваруваат право на учество во репрезентацијата на Р. Македонија во 2015 година на Светското или Европското првенство на државите (нациите).
Избот на екипи за учесво на меѓународни натпревари во дисциплината „Пливка“:
Член 41
Во 2014 год. во дисциплината „пливка“, во категорија сениори, планирани се вкупно 6 (шест) натптпревари во екипна конкуренција (5 во Прва спортско риболовна лига „Пливка“ и 1 Купот Илинден) при што во конечниот пласман 80% од бодовите би носел пласманот во Првата спортско риболовна лига „Пливка“ и 20% пласманот на Купот Илинден.
Збирот на бодовите од двата натпревари ја одредува најдобрата екипа. Доколку две или повеќе екипи освојат исти збир на бодови, подобар пласман ќе има екипата со поголем збир на вкупна уловена тежина на риба од двата натпревари (лига и Куп).
Пример за пресметување на пласман:
Табела 1:
ЛИГА НАТПРЕВАРИ
КУП НА Р. М
Освоено место Освоени бодови Освоено место Освоени бодови
1 МЕСТО 80 1 МЕСТО 20
2 МЕСТО 75 2 МЕСТО 18
3 МЕСТО 70 3 МЕСТО 16
4 МЕСТО 65 4 МЕСТО 14
5 МЕСТО 60 5 МЕСТО 12
6 МЕСТО 55 6 МЕСТО 10
7 МЕСТО 50 7 МЕСТО 8
8 МЕСТО 45 8 МЕСТО 6
9 МЕСТО 40 9 МЕСТО 4
10 МЕСТО 35 10 МЕСТО 2
11 МЕСТО 30
12 МЕСТО 25
13 МЕСТО 20
14 МЕСТО 15
15 МЕСТО 10
16 МЕСТО 5
Секоја екипа добива бодови според освоениот пласман во Првата спортско риболовна лига „Пливка“ и во „Супер лигата“ според табелата 1.
Екипа, со наголем збир на бодови во дисциплината „пливка“, остварува право на учество на Светското клубско првенство во 2015 година.
Второ и трето пласираната екипа, спрема збирот на бодовите во дисциплината „Пливка“, остваруваат право на учество на Јадранско – Подунавскиот куп во 2015 година.
VI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 44
За учество на натпреварите во спортски риболов во Република Македонија, без оглед дали организатор е МРФ или РЗК (освен за натпреварувачи од странски екипи поканети од организаторот да учествуваат на натпреварот) натпреварувачите и капитените на екипите, во сите дисциплини и конкуренции, мораат да бидат регистрирани спортски риболовци за 2014 година.
Висината на надоместокот за издавање на спортска легитимација за сите категории го определува Управниот Одбор на предлог на натпреварувачката комисија на МРФ, за секоја натпреварувачка година одделно.
Член 45
Пријавените РЗК за сите натпревари што ги организира МРФ, доколку неоправдано го откажат своето учество за натпревар, без оглед дали ќе ја известат натпреварувачката комисијата на МРФ или не, го губаат правото да учествуваат на натпревари за наредната година во истиот ранг а можат да се натпреваруваат во понизок ранг.
Член 46
Екипи на РЗК, членки на Македонска Риболовна Федерација, можат да настапат на меѓународни натпревари надвор од Државата само под услов да го пријават своето учество во МРФ најмалку 15 дена пред настапот.
Без да го пријават своето учество во МРФ не смее да се учествува на тие натпревари. Во случај да земат учество на тие натпревари, без пријавување во МРФ, им се забранува секакво учество на натпреварите што ги организира МРФ во траење од 1 година (наредната натпреварувачка година).
Член 47
За сите натпревари се плаќа котизација а износот го одредува Управниот Одбор на Македонската Риболовна Федерација на предлог на натпреварувачката комисија, за секој натпревар одделно.
Член 48
Овие пропозиции влегуваат во сила со денот на донесувањето. _________________
|