www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Нед Ное 17, 2024 7:39 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Софија - Мика Алас via Заечар & Панчево
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 4:30 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Бидејќи ми беше останала уште една недела од годишниот одмор размислував каде да отидам за завршување на риболовната 2011год.
И бидејќи сум голем мислител решив да отидам со пријателите на Мика Алас , комерцијална вода на 20км. од Панчево. Е сега некој ако сака да го демантира кажаното " рибари - будали ", нека го прочита ова, 1020 километри поминати.
Воопшто не ми е жал , се видов со многу познати , дојдоа на езерото и момчиња со кои лично не се познавам за да се запознаеме, да размениме мислења околу ова наше хоби , малку да се надлажуваме.
Патувањето отпочна на 23-ти Сабота , од Софија тргнав некаде околу 15часот локално време, на граница се минува брзо и се беше добро додека од главниот пат не завтрев во десно во правец на Заечар . Не сум патувал никогаш во тој дел на Источна Србија а освен тоа имаше комбинација од дожд , магла тесен пат , па и брзината не беше голема.
Никој и не ме бркаше да стигнам некаде во точно определе час па така лека полека низ планинскиот пат околу 18часот пристигнав во Заечар каде на влезот од градот ме чекаше мојот пријател Мирослав (еден од новите членови во форумов) се поздравивме и се упативме кон неговиот дом.
А таму што да видам, кумот, кумата , зетот , сестра му деца дал господ еден куп тоа роденден на неговите дечиња. Па кога му заседнавме на Српска скара и некој други неште за да не се задавиме и без многу да се осетима стана 1 часот после полноќ. А бевме се договориле да легнеме порано и некаде околу 4 да станеме , да се напиеме по едно кафенце и да тргнеме.
Е сега колку толку затворивме за малку по едно око , стнување на време , кафенце и тргаме. Да бе тргаме ама низ тие планински предели ебати и маглата беше , та лека полека некако стигнавме до Параќин и одтаму веќе автопатото беше наш.
Сега да не опишувам каде и низ кои градови се поминавме попат важно пристигнавме живи и здрави ви Панчево каде на договорено место не чекаше Драган Миленкович познат натпреварувач во крапскиот риболов. Кратко поздравување телефонско јавување до Предраг од Белград четвртиот учесник во овој настан та разбираме дека тој веќе пристигнал на вода.
Езерцето е на околу 20 км. од панчево , та брзо пристигнавме и започна истоварувањето на опремата. Самото езерце е со правоаголна форма , изградени 13 платформи за по двајца рибари и е наменето за рекреација и натпреварувања. Краповите кои се во водата се селектирани по тежина така да најмалата риба е со тежина од 7кг.
Кога се наместивме се подраспрашавме лево десно кај колегите кои беа тука пред нас како е дали има активност , се пожалиа дека поради големите временски промени крапот многу слабо зима. Ние бевме подготвени и на тоа така да ќе бевме задоволни и со две три фатени риби. Општо за два дена поминати таму времето се промени незнам колку пати , само уште снег ни фалеше. За кошавата да не ви зборувам.
Е мислам дека доста ламотев , специјално за моите колеги од форумов снимки со лесен коментар

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Првото фатено " крапче ", мамец цел клас стара пченка, тешко 18кг. жива мера.

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

[ img ]

Има уште , но мислам дека и ова е доволно. Се вратив пред околку два часа и сега размислувам кога ова да го пофториме.
Поздрав до сите колеги на форумов


Последна промена од 1 на vasil, променето е 0 пати

Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 4:39 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Првиот крап е најдобар,треба и јас да пробам на цел клас пченка :lol: :lol:


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 5:02 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Богами она првото крапче на првата слика леле леле,најубаво од сите :lol: :D

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 5:16 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maј 19, 2011 2:20 pm
МислењаCOLON6956
Значи тоа првото крапче го има и кај нас ;) ама овие другиве малце потешко ке ги најде човек.
Не дека не чини да не ме сфатите погрешно, ама за другиве секоја чест.
Панчево викаш а? хммм, браво Васил, ти се восхитувам на храброста и одлучноста.
Сепак 1.100км, не се шала. СЕКОЈА ЧЕСТ!!

_________________
CT Asterix & Obelix


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 5:26 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 05, 2010 3:44 pm
МислењаCOLON1681
ЛокацијаCOLONСкопје
Spaiva НапишиCOLON
Значи тоа првото крапче го има и кај нас ;) ама овие другиве малце потешко ке ги најде човек.
Не дека не чини да не ме сфатите погрешно, ама за другиве секоја чест.
Панчево викаш а? хммм, браво Васил, ти се восхитувам на храброста и одлучноста.
Сепак 1.100км, не се шала. СЕКОЈА ЧЕСТ!!
Да,дефитивно 1,100км,не се шала никако,секоја чест за чичко Васил :D
И многу убави кејфови :D риби за мерак сите до една ;)

_________________
[ img ]

ВАРДАР Е ВАРДАР


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 5:47 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
а браво,...ашкол сум....така се вика.....него Василе некој збор два за првиот улов кај го чувавте, како го пазевте, па и за другите улови, лиги да течат малку


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 7:36 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСаб Maр 26, 2011 4:03 pm
МислењаCOLON850
ЛокацијаCOLONbitola
prviot "krap" na slikite ne e slikan na karp dusek na 30cm od dusekot ne znaeme na koj nacin e uloven gotov e za konzumiranje pa spored seto ova mislam deka ovaa slika ne e vo sklad so pravilata na forumot :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
bravo za druzbata i sekoja cest za hrabrosta 1000km :o


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 8:13 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONСаб Дек 18, 2010 9:47 am
МислењаCOLON4783
ЛокацијаCOLONskopje
cicko vasil legendo stara uste 100godini vaka da si cepash alal da ti e pozdrav!

_________________
TAPATTA JA LECHI DUSHATTA
mrtva dae-od reka dae!


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 8:18 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONНед Maј 01, 2011 1:26 pm
МислењаCOLON3505
Благодарам Аки , да си жив и здрав и на Вардар само капиталци да ти ја виткаат трската ;)


Кон врв
ТемаИспратеноCOLONВто Oкт 25, 2011 8:30 pm 
Отсутен
Дружељубив

РегистриранCOLONВто Ное 30, 2010 3:15 am
МислењаCOLON1683
Cico Vasil prekrasno ste pominale so prase so krapovi golem merak sve idelo od raka majstor si e majstor :D


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123456»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 12 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

cron
POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum