Синоок, само мое скромно мислење...
Моторчето е екста! Тоа што е четиритактно и што е 2.5кс убеден сум дека поекономичен нема да најдеш 100%. Сузуки е сузуки и посебно ако е нов и ако си го одржуваш како што треба ќе те служи 100 години! Далеку е тоа дека томос 4 е лош мотор !!! Тоа може да го каже само некој кој никогаш не го отворил и не го одржувал воопшто или пак некој кутар кој купил ваков никогаш неодржуван мотор и со тоа му го исчистил ѓубрето на некој... Ако се купува томос 4 со некој кој малку од малку се одбира во томоси тогаш нема промашај, делови евтини без пари на секој пазар може да најдеш, а и за 600 и кусур евра што ќе ги дадеш за сузуки-то ќе земеш три томоси од кои можеш да преклаваш делови, да менуваш до миле воље... Меѓутоа ако можеш да си го приуштиш сузуки-то тогаш не размислувај воопшто, за оние кои купуваат со „броени пари“ за некојси 200-250 евра се најдува томовче екстра!
Чамецот јес да е евтин, но баш тоа и ме плаши! Тоа што ти го напиша Тапа за материјалите имај го во предвид, а јас барем сум убеден дека е барем едно 10 пати понеквалитетен материјалот и изработката од маестрал иако е стар колку татко ми... Се сложувам дека техниката и технологијата оди напред, но маестралот и спорт београдот со овој интекс батка не се на исто рамниште, едноставно не се споредливи... Ако сакаш да споредуваш стара со нова технологија во рангот на маестрал тогаш треба да го споредуваш на Јане чамецот со некој маестрал... Е тука веќе квалитетот и изработката се гледа дека напредувале во текот на овие години, тежината се намалила користејќи алуминиум, подобри вентили и така натаму...
Тоа што се клупите на надувување тоа пак уште поголема маана според мене, пробај да поседиш на таква клупа на надувување подолго време
, а и колку ќе издржат и тоа е прашање... Според мене чамецов е убав и исплатлив само ако го користиш за да се префрлиш од друга страна или за развлекување и прихранување кај крапскиот риболов, некаде на лош терен за да не бираш места од каде да го симнуваш чамецот, него овој спакуван да го симниш и на лице место да го напумпаш, едниствено тоа му го гледам како предност...
Сепак ти си знаеш најдобро што ти е потребно и што најмногу одговара на твоите потреби!
Најдобронамерно ти го пишувам ова, те молам не ме сваќај погрешно.
П.С.
Имам добар пријател авто-превозник кој има редовни тури еднаш неделно за Чешка, можам да го прашам колку би чинело да ти го донесе до Скопје ако сакаш... Поздрав