Секое организирано ловење, во смисол, куп, тренинг, и сл. си има свои методологии на работа. Нема потреба од создавање на атмосфери за казнувања, одземање опреми, пријави. Си постои можност преку уредно пријавување во МРФ (значи однапред испланирано), добивање согласност, известување на надлежните и се да тече релаксирано и спокојно.
Прво - ние не сме рибокрадци, рибата на вакви ивенти се враќа, се популаризира натпреварувачкиот-спортскиот риболов.
Второ - Не мора една вода да има концесионер, за да се организира спортски настан или активност. Делот за спортско работење во крапскиот риболов и припаѓа на МРФ. Лани ниту Црничани имаше концесионер, па лига одржавме, па и Министерот и градоначалникот и инспекторот беа присутни.
Ако го разбрав колегата од Преспа крап хантерс идејата е да се одржи некој вид презентација, обука, тренинг, па и куп натпревар) во периодот на месец Мај. Уредно ќе се превземат сите потребни мерки, за раат и релаксирано да се посети оваа прекрасно место.
И трето и најважно (
) вие гледате дека оваа хантерс е само така ставено. Значи, примарна работа на овој настан ќе биде она што го пропагираат колегите од овој тим, а тоа е обилно прихранување, што е суштински дел од кондиционните подготовки.
Не се секирајте, Раде и Мики не се случајни луѓе. Ќе си средат организација, а Вие само ќе уживате во овој божји дар од природата.