Една од главните придобивки кога ловиме со штек е оваа чашка
или мрежичка
кои се прицврстуваат на врвот од ТОП СЕТОТ од штекот и служи за прецизно пласирање на
храната и мамците на местото каде ловиме .
Предноста е во тоа што кога ја пласираме храната и мамците со чатал или рака ,прецизноста не е 100%
како во случај кога користиме купинг кит .
ова е пример за прецизноста на ловење на далецина од 13 - 16 мт.
Исто така со примена на овој начин на прихранување и доранување на река или води каде има струење ,
прецизноста е 100 % бидејки системот кој го користиме за ловење се движи во линијата каде сме ја пласирале целата храна
Цената на овој универзален Купинг кит кој се состои од 2 или 3 дела ( карбонски ) и е со должина од 2.5 - 3.3 мт
е од 30 - 60 евра . додека ако нарачате куппинг кит од фирмата која е вашиот штек оваа цена е за 20 - 30 % погоре.
купинг чашките и мрежичките се движат од 5 - 15 евра ,зависно од кој материјал се направени ( пластика , карбон, полиуретан ), кај мрежичките од која фирма се ( бренд )