Полека но сигурно се оди кон запршка. Само се поголема збунетост ќе се создаде.
Условите во МК се тие. Водата за жал е ретка и ако не и единствена (моментално) која одговара на потребите за лига натпревари. Заклучок=Црничани моментално е база т.е. основа.
Капацитет 16 екипи.
Предлогот за едно коло во два викенда е крајна солуција за сите што ќе се пријават и да натпреваруваат. Развојно е донесена одлука (предлог) за 2015 првите 12 (16) екипи да бидат Прва лига.
Ако се сака селекција и ова година да се направи лига по ЈУС (стабилна и фер) може да се даваат предлози, искажуваат ставови и мислења да се конципира лига од 16 екипи.
Предлогот првите 16 пријавени во рокот е практичен ама не и етички, ако се оди на развој на масовноста. Мене лично, повеќе би ми одговарало како почетник и прв пат пријавен да ми се даде шанса да бидам во Првата крапска лига, со квалификации т.е. натпревар, а не да чекам прв на шалтер кај Пешиќ. Тоа може да се изведе со искористување на меморијалниот куп Опен 2014-та кој го организира Рибар 2011. Тој нека биде два викенда по 50 часа (доколку има пријавено повеќе од 16 екипи за лига).
Тука ќе завршат сите гревови (два викенда еден натпревар) и што извлечеш (викенд, позиција) тоа е. Најдобро пласираните 16 можат да се добијат со конституирање на Првата лига од 2 пати по осумте (8) првопласирани екипи во секој викенд (
не по килажа), токму заради густината на натпреварите еден по друг викенд. Остајте го победникот на купот. Тука килажа ќе одлучи кои 3 се најдобри.
На пример:
На купот се пријават сите заинтересирани за Лига. Да испаднат и 18, 19 20 екипи, не е битно. Рамноправно ќе се поделат (+;-1) во два викенда. Првопласираните 8 од првиот викенд и првопласираните 8 од вториот викенд ќе ја сочинуваат Првата крапска лига за 2014. Потоа ќе си се тера стандард лига со 16 екипи, прво коло од една страна едните, второ коло од друга страна и обратно.
Ова е само обид да не се навлезе во трипер комбинации во самата лига. Плус, и така меморијалниот куп (според најавата) е без или со минимална котизација за покривање на трошоците за судиите.
Значи
Меморијален куп, прво коло - Црничани 18-20.04. 2014
Меморијален куп, второ коло - Црничани 25-27.04. 2014
Прво коло - да се одржи на Црничани од 02-04.05.2014 или уште подобро 9-11.05. 2014 (алтернатива Паљурско езеро)
Второ коло - да се одржи на Црничани од 30.05-01.06.2014 (алтернатива Мавровица)
Трето коло - да се одржи на Жаблани (ако се договори и има стаза) од 20-22.06.2014 (алтернатива Црничани)
Ако се сака, само треба да се одработи.
Поздрав до убавиот Велес.