Ајде да одиме по ред-
На состанокот се разговараше за и околи пропозиците така што за крапсите натпревари останува оваа година натпревари -лига и истата 2014 одење на светско првенство (првите три пласирани екипи + четвртопласираната). Петопласираниот и шестопласираните одат на Јадранско подунавскиот куп - што значи ако сме ние домаќини тоа ќе бидат (5,6 и 7-мо пласираните екипи).
Значи предложено е да нема ограничување на бројот на екипи од едно здружение а бројот на пријавени екипи -вкупен не е лимитиран (значи 15-20-25 екипи).
Секоја екипа има право да се вика под некое име но мора да се пријави преку некое рибарско здружение кое е регистрирано во МРФ и има платено чланарина.
Првите 12 пласирани екипи од лигата 2014-та одат во Прва Крапска лига2015-та а останатите како и новите екипа ќе ја формираат Втората лига.
Правото за учество во првата Крапска Лига 2015-та ја задржува Риболовното Здружение а не екипата или пак натпреварувачите!!! Значи дека ако на пример Јане и Оливер одат преку Пастрамка и влезат во прва лига догодина Пастрамка од Струга е во Прва лига а не Јане или Оловер!!!
Некој даде предлог да се бодува како кај пливкарите лигата и држвнот куп не јас успеав да им образложам дека Државниот куп е посебен и се одржува во Септември кога веќе се знае кој е во репрезентација. Значи Лигата има три кола а државниот Куп на РМ 8-ми Септември е посебен натпревар.
Котизација за лигата повторно е предложена да биде 6.000,00 денари а за Државниот Куп 2.000,00 денари.
Калеадарот е следен
Прво коло 1- да се одржи на Црничано од 25-27.04.2014 (алтернатива Пањурско езеро)
Прво коло 2- да се одржи на Црничани од 02-04.05.2014 (алтернатива Паљурско езеро)
Второ коло 1 - да се одржи на Црничани од 16-18.05.2014 (алтернатива Мавровица)
Второ коло 2 - да се одржи на Црничани од 30.05-01.06.2014 (алтернатива Мавровица)
Трето коло 1 - да се одржи на Жаблани (ако се договори и има стаза) од 20-22.06.2014 (алтернатива Црничани)
Трето коло 2 - да се одржи на Жаблани (ако се договори и има стаза) од 27-29.06.2014 (алтернатива Црничани)
Државен Куп 8-ми Септември да се одржи на Глобочица од 12-14.09.2014
Рок за пријавување со завршена уплата 31.03.2014
Екстра.