На лигата 2008 прво коло Мавровица и ние прво место замислете со цели ТРИ риби, второ коло Селимли НУЛА и трето коло Крушевско езеро повторно три(или четири) риби и вкупно второ место!!!!
Кога ќе го прочитам ова ќе речам не е рамноправно и дека Мечо, Мрчо, Босанец, Пепи, Дуле, Оливер, Нико (кој во првото коло имаше пет откачени риби)...не биле послаби од нас. Сме имале среќа и сме победиле. За минатат године неможам да речам ни под разно дека Јане, Пепи, Ицо имаа среќа па победија, туку поштено си изработија и се одлепија од нас
. Затоа за мене оваа 2013-та е поприфатлива отколку онаа 2008-ма.
Историски во онаа 2008-ма и пред тоа МРФ и Натпреварувачка комисија размислуваше на еден начин а тоа е да биде за сите и оние од Охрид и Битола и Кочани подеднакво па затоа се правеше на различни езера како на сите би имало исти трошок но не се гледало да има квалитетна лига со избор на најдоврите дуа, да се извадат повеќе количина на риба. Наредната 2009-та година ја направивме лигата на езеро Треска со навистина добра количина на риби, со за сите иделани- подеднакви позиции, со подеднакви сектори и таа година можам да кажам дека ми беше драго кога го освоив првото место баш поради оваа подеднаквост. Бев пред Дацо, Пепи, Ицо, Милчо, Оливер, Дуле....
Значи целта е да се има добра лига со уловени (но и изгубени ) риби, подеднаквост за сите (се мисли на езерото и секторите) да се победи заслучено и сите да ги прифатат победниците како што доликува.