www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Вто Дек 24, 2024 6:39 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONСаб Феб 12, 2011 2:48 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Дојде ред и за првиот риболов во 2011 со ноќевање.Најавените негативни утрински температури,воопшто не не уплашија и четврток сабајле ние веќе бевме на пат кон реката.Само што ја поминавме границата, видовме чудна гужва.Тоа не беа 20-30 трактори и комбајни...тоа беа стотици.Полицајци со автобуси доаѓаа и се групираа правејќи кордони.Полицајски патроли следа будно што се случува на секој километар.Имавме среќа да поминеме и по наша претпоставка минути после нас-други ја немале таа среќа.Но тоа веќе не ни беше важно.Ние се приближувавме кон реката :mrgreen: :mrgreen: Пристигнавме уште во мракот и пуштивме за штука со црвеноперките ,коишто си ги носевме од Водоча.Под еден мост видовме големи јата со ситна попадика и набрзина си направивме залиха од мамци за два дена.
Во една дупка,пак....што останала по паѓањето на водостојот,најдовме и карашчиња како се прпелкаат во 2 сантима вода,си ги набравме како габи,и сега мамци има за цела пролет :D
И така..Риболовот беше класика за штука.Голема тапа и жив мамец.
[ img ]
Пејсажот-типично зимски :arrow:
[ img ]
[ img ]
Шуката очигледно разбудена и активна.
[ img ]
[ img ]
Имавме едно заплетување околу гранка и кинење на конецот.Рибата остана на површината околу пола саат на спротивниот брег се додека не се ослободи...но не за долго :)
И такаа.. дојде и времето за софрата.Мезињата наредени,ракијата во чашките :wink: и зејтинот во тавата :mrgreen:
[ img ]
[ img ]
А во зејтинот :?: :?: :?:
Се разбира-домашни колбаси по специјална рецепта :P :P
[ img ]
[ img ]
Сокчето ги нападна прв :mrgreen: :mrgreen:
[ img ]
Си апнавме,си пивнавме и време беше за :roll: :roll: :mrgreen:
[ img ]
Џочето го болеше глава ,и не откачи :mrgreen: :mrgreen:
[ img ]
Малку шала не е на одмет...да не не извадите за обратни еееејјј :mrgreen: :mrgreen:
Во Витото цела вечер си ронкаше печката,оти надвор беше кокал.
Утрото сигурно падна на - 5.
[ img ]
И за добро утро-штуката бегалец,само сега удри на нашиот брег :mrgreen:
[ img ]
Си ја вратив старата owner-трокука :wink: ми вршеше работа.
Еве еден нинџа :arrow:
[ img ]
Еве го и Џочето :arrow:
[ img ]
Еве вакви кленови удараа,но ретко и имаа среќа да си најдат дупката во чуварката.
[ img ]
Имав к'смет и ги здогледав како летаат низ дупката,но кога првата штука проба да го направи овој потег :D и заглави главата и настана вистонски хаос во чуварката,и додека ја извадив од водата,дупката беше доволно голема за да избегаат сите,и и избегаа...но во другата чуварка :mrgreen:
На убавото сонце,падна и по некое пивце 8-)
[ img ]
И така си помина и овој риболов,со прекрасно друштво,убаво мезе и убави риби,што повеќе му треба на човек.
[ img ]
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONСаб Феб 12, 2011 3:20 pm 
Отсутен
Мушичар
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Oкт 27, 2010 7:55 am
МислењаCOLON11616
ЛокацијаCOLONСкопје
Мераци :)

Потсети ме никогаш да не доаѓам по риба со спиење со тебе... :lol:

_________________
Животот е досадното време помеѓу два риболовни излета...


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONСаб Феб 12, 2011 3:53 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Филип НапишиCOLON
Мераци :)

Потсети ме никогаш да не доаѓам по риба со спиење со тебе... :lol:
Епа боцкам од почеток :mrgreen: посебно на туѓо шо иде прв пат со нас на спиење :mrgreen: :mrgreen:


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONСаб Феб 12, 2011 3:55 pm 
Отсутен
Воздржан
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Ное 26, 2010 9:55 pm
МислењаCOLON40
ЛокацијаCOLONPernik BG.
Браво група , майстори сте !


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONСаб Феб 12, 2011 4:50 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Јан 19, 2011 2:34 pm
МислењаCOLON403
ЛокацијаCOLONKavadarci -Skopje-Kavadarci
Poliz,

Nema od sto da se sramite, bash ste slatki na slikata, normalno e posle podolgo vreme prijatelstvoto da prerasne vo lubov :mrgreen: samo menjajte se ponekogas.... :lol:

Nastrana shalata, ljubovta vasa e edna rabota a drugo e sto se majstorista :D

Pozdrav i vo toa VItoto ne se kacuvam, pa da me otepa covek :D

_________________
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONСаб Феб 12, 2011 4:55 pm 
Отсутен
Дружељубив
Членски аватор

РегистриранCOLONВто Oкт 26, 2010 9:38 pm
МислењаCOLON1320
ЛокацијаCOLONStrumica
Заборавив да спомнам дека на реката се запознавме со уште еден член на нашиот форум Боро од Скопје со неговата екипа ;) Поздрав за екипата ;) на Боро.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONСаб Феб 12, 2011 6:48 pm 
Отсутен
Уредник
Членски аватор

РегистриранCOLONСре Дек 08, 2010 10:34 pm
МислењаCOLON1072
ЛокацијаCOLONskopje
super ste pominale,bas me raduva sto imala aktivnost stukata.Slikite se super se nadevam deka jas koga ke odam barem priblizno do ova ke bide aktivna.POZDRAV DO EKIPATA

_________________
...?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 13, 2011 4:33 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONПон Ное 08, 2010 1:54 pm
МислењаCOLON98
ЛокацијаCOLONSkopje
Da ja zadrzime temava aktivna , zasluzuva !!!

Decki, najbolji ste !!!

Da ne ste vie ke zaboravime kako izgleda ribolov... ;)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONНед Феб 13, 2011 9:59 pm 
Отсутен
Воздржан

РегистриранCOLONПон Ное 01, 2010 6:28 pm
МислењаCOLON99
ej momci ako imate sansa da odite so Nikola po riba odete,ic ne se plasejte
I prv pat da vi e,pak da ne vi e strav!
:)


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Будење на штуката
ТемаИспратеноCOLONПон Феб 14, 2011 10:49 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Ное 11, 2010 3:27 pm
МислењаCOLON184
jupi НапишиCOLON
ej momci ako imate sansa da odite so Nikola po riba odete,ic ne se plasejte
I prv pat da vi e,pak da ne vi e strav!
:)
:lol: :lol: :lol: ....да бе да,ич не се плашете,ногу е пажлив...особено на тие шо ќе им е прв пат... :lol: :lol: :lol: ....има долго,долго да се сеќавате на него... :lol: :lol: :lol:


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна 123»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 11 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum