Први јуни-датум одамна заокружен на календарот.Датум на кој требаше да сме на Струма,хаха.Последниот мајски ден беше наменет за пакување на опремата,обезбедување на мамци,редење се под конец во комбето.Со добра организација како и секогаш-се беше на место,и ние со нетрпение како и обично го чекавме часот за тргнување.И бидна..Веќе сме на Струма,хахахаха.
Сокчето ја очекува следната риба.....на Р де но не риба, туку ракија
Ете ни го работното место
Си апнавме ,си пивнавме од домашното Виски и си влеговме во Витото.Со нас беше и Ване-човек со наша крвна група .Тој и покрај студеното,магловито,дождовно -со еден збор,никакво време, остана да спие на отворено а јас и Сокчето си ги зазедовме старите места во Витото.
Беше 4 наутро ,кога станав и го погледнав Ването да не се претворил во пингвин )Си лежеше спокојно,а околу него имаше магла и роса како за светско првенство
Немаше и минута- две кога сигнализаторот направи само едно кусо ти-тит.И толку. Со Ването за секунда бевме до трската.Јас само го погледнав свингерот и веќе ми беше јасна работата.Тој беше паднал ниско-значи рибата тргнала назад .Во секундата ја трзнав ,и започна една жестока борба по темното.Успеав да не му дозволам да избега во шамаците и борбата продолжи околу 5-6 минути,за да се покаже еве овој убавец
Мерење на дигиталната вага-10.800 :rolleyes:
Ете го и Сокчето-којшто го разбудив со песна
А и Ването
Лошата фотографија е од маглата(како капки што се гледаат)
Немаше како да не апне на таков апетитен залак
Сокчето на утринска гимнастика
Имаше и по некоја деверика
Ването ги растури
Трети јуни утрото започнавме да се собираме оти Сокчето беше на работа од три и за крај,уште малку слики со сомот
Имавме уште едeн моќен ран на риба-црвеноперка, но не била наша рибата,хехе.
Девериките земаа и на црн и на бел црв,откако ќе дојдеа на ред од досадните ситни црвеноперки,карашчиња.....
Поздрави до скоро време.
Последна промена од 1 на Poliz, променето е 0 пати
Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2
Кој е Присутен
Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 35 and 0 гости
Вие Не може да поставите нова тема на овој форум Вие Не може одговорите на теми на овој форум Вие Не може да промените мислења на овој форум Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум