Се наоѓаш на река, пробуваш да уловиш пастрмка на релативно лесна опрема и со мали воблерчиња.
Точно знаеш каде се наоѓа, баш под она дрво, во дупката на спротивната обала од реката.
Веќе неколку пати пробуваш да заврлиш до тамо ама или неуспеваш или закачуваш во гранките кој се надвиснале над соседната обала.
Воблерите се малаечки и немаш доволно прецизност со нив па наместо во саканата точка фрлаш три-четири метра полево или подесно.
Од толку фрлања веројатно и рибата веќе станала подуплашена и не сака да земе дури сега да и фрлиш и под нос.
Сигурно сте се нашле во ваква ситуација или во иднина ќе се најдете.
Втора слична ситуација но сега на море.
Лето е и рибата е повлечена подалеку од обалата. Треба да се постигнат далечини од шеесетина метри. Се постигнуваат но со големи воблери или некоја метална кашика. Ама не сака да удри или е голем воблерот или не ја сака кашиката. Од друга страна овие тешки воблери не само што се гломазни туку и заради отежнувањето кое го имаат во себе не ја имаат онаа посакувана ситна ,,minnow,, вибрација.
Сака нешто помало, ама со тоа неможеш да дофрлиш до тамо.
И во ваква ситуација сигурно сте се нашле или ќе се најдете.
Се разбира дека има решение и за вакви ситуации. Неколку јапонски производители на воблери веќе неколку години наназад го вградуваат таканаречениот систем на тежински трансфер или ,, mag-drive ,, во своите воблери.
Се работи за внатрешен тешински трансфер систем кој при зафрлањето ( кога воблерот е во хоризонтална состојба ) ја носи тежината во задниот дел од воблерот. Со тоа се добива поголема аеродинамика при исфрлувањето ( воблерот лета право - не се врти во воздухот ) поголема далечина на исфрлување бидејки тежината е напред ( воблерот лета со задниот дел нанапред ).
При паѓањето на воблерот во вода и со првото повлекување отежнувањето се префрла нанапред. Во таа положба воблерот станува активен и добива во стабилност. При влечењето на воблерот, за да не шета отежнувањето, ставени се магнети во предниот дел од осовината при што отежнувањето се лепи за магнетот и стои во саканата положба.
Повеќето од јапонските производители кој ја вградуваат оваа технологија во своите воблери ја имаат заштитено и секој си има свое име на овој систем но во суштина се работи за идентичен или сличен систем на тежински трансфер.
Најчесто тегот од овој систем е направен од тунгстен кој е во однос на оловото дупло потежок но и поскап, па затоа да не Ве чудат и цените на овие воблери.
Овој систем може да се најде кај воблерите од марките Zip Baits, Yo-Zuri / Duel, Bassday, Pontoon 21, Daiwa ....
Секој позбилен спинерџија треба да има по некој ваков воблер во својата кутија.
За дај боже ....