Хм дали може одговорот е дека може, е сега која вода и дали се има интерес е другата важна работа.
Кога споредуваме со околината рачунајте дека тоа се се некој ископани дупки-пескари па адаптирани за крапски риболов.
Значи без разлика дали станува збор за Велешко, Мантово, Мавровица, Козјак..... имаме мешање од две страни ( едни се задолжени да работат со рибниот фонд -концесија а другите работат со водата - електрани или пак наводнување) Никогаш и никаде немало помеѓу овие два концесионери договор или пак разбирање, па затоа тешко дека некој ќе се нафати да направи нешто за овие води.
Комерцијала од друга страна како Аквариум може но доколку се додели на подолг временски рок а да нема потреба да се инвестира премногу. Сеага со некаков проект да се вклопи преку некој донациски програм каде Министерство за земјоделство би потпомогнало МОЖЕ да се направи или да се преуреди некоја комерцијална вода.
Келтан е во право кога вели дека не треба откажување и кукање туку предлог и позитивна енергија. Не треба одма со негативни ставови затоа што сепак овде на форумов има рибари од сите професии и сме во некакви институции (можеби некој ќе ја пренесе идејава
)