Келтан, веќе пишав за Жабени размислување.
Инаку, сериозно ако се размисли ти си во право. Негативниот став кон некои работи не води на подобро.
Еве ти два примери за прспективни води. Една мала чиста комерцијала и една средна полукомерцијала.
Прво
Црничани
Поголемо е од Аквариум. Собира и до 20 дуа.
Оградено, на да не речам приватно земјиште (ловиште).
Чувари има (под услов тие да не таманат рибата)
Риби има (барем имаше).
Водата типична крапска
Со добра работа се прави екстра комерцијала.
Второ
Велешко (дури и после оваа географскава дискриманицаија за скопјаните од зајко
)
Екстра површина
Супер крапска вода
Географски најдобро позиционирана
Со долгогодишна концесија па макар и на Бабуна, со помош на сите фактори ( Министерство, МРФ, други здруженија, фирми со близок интерес на кои треба нешто да им се понуди за да вложат ...) да се :
* Пориби домаќински, постепено, континуирано, долгорочно
* да се воспостави системска заштита на езерото со повеќе луѓе, средства (камери)
* да се отпочне со средување и адаптација на брегот за оптимален број на позиции со почитување на основните правила.
* да се изгради (склепа) еден објект (брвнара) кој ќе биде исклучително во функција на обезбедувањето на езерото
* да се вклучат двата туристички објекта и другите угостители во целата приказна
* градот Велес да застане зад целата работа целосно.
* да се обидат концесионерите да најдат некои како субрата рој, па макар и без слонови и тигри (доста се чакалите)
* да се аплицира за проект за рурален развој од ИПА фондовите
*********
********
******
За почеток.
Во основа, ова важи за сите интересни води, само не многу големи. Нас не ни се таргет Охридско, Преспанско, Мантово, Козјак, знаете зошто.
Убава комерцијална или полукомерцијална вода за потреби за натпреварувања, со можности за ефектни порибувања, заштити и сл., се мали и особено интересни би требало да бидат средни води од типот на Велешко. Велешко е идеално за сето ова. Само треба добар план, работливи, чесни луѓе и некои мустаклии да загризат финансиски.