Велат "Ако на нозете ти е студено , на целото тело ти е студено"
Со тек на време (а и на годините) гледам кога одам на риба да се осеќам пријатно во облеката и обувките кои ѓи носам за време на неколкудневниот риболов.
Обувката мора да ми е максимално удобна , сакам плитки обувки , средно високи и високи ме заморуваат , да е водонепропустлива и кога ќе ја соблечам несакам сите кои се околу мене да паднат во несвест.
Мојата омилена обувка е TFG X-trail AP Low Boot но за жал од оваа година оваа фирма престана со производство на овој модел.
Фантастична обувка, се заборавив носејќи ги.
Оваа година од Србија си куп една друга марка но при првото носење почуствував дека не ми лежат многу и ѓи подарив на брат ми.
Потоа купив два пара поефтини со кои се истурка сезоната, сега се загледувам во нешто кое би си нарачал Дедо Мраз да ми го донесе.
Да се работеше за полувисоки обувќи - одамна да беа купени , изборот е огромен !
Би било интересно да ги напишете и Вашите искуства со обувки , мислам дека би биле од корист на колегите !