Ако гледаме од една страна Велешко е одлична вода, може една од најдобрите во МКД и би било одлично да има услови да се среди велешко по тертип на странскиве води НО да бидеме малце реални.... Велешко нема организирана стаза, да се направи стаза на велешко макар и само едната страна е огромна инвестиција... Од страната на бродот верувајте нема мир, 10 од 10 ми се покажало тоа, мештани, шетачи, излетници, деца, бањачи, чамци, глисери.... Кога на слободен риболов ти доаѓаат во текот на денот барем 20тина луѓе и стварно ти се качуваат на глава и ти се местат на 5 метра од шаторот твои и палат скари и се лијат литри и литри алкохол, а алкохолот си го прави своето, па проблеми па викање па карање... ехеееееееееееее
Страната карши бродот ( шумата ) многу многу повеќе мир, помалце луге, но бањачите и излетниците не изостануваат ни тука, но тука се групираат најчесто на 2те плажи, се решава ова некако... позициите подалеку од плажите но тука се јавува друг проблем... позициите кои што ќе бидат пред и после плажата ке бидат ДОСТА одалечени, една со друга не се гледаат ни под разно, 2 различни сектора . Да се направи стаза на оваа страна скоро и невозможно ( возможно но премногуууууууу финансии ) уште од сега да почнат да копаат багери сумљам дека до почеток на натпреваров ќе бидат готови. Пристапот за судиите е ок, има патека која што се вози и со најобична кола без икаков проблем ( може некоја гребаница од обраснатите трња по патеката, се решава со 2 мачети и 1 ден работа на 2ца луѓе... добар дел од трњето и јас го сечев со мачета... ). Патеката ќе биде на значително големо пространство зашто има доста места каде што неможе да се постави бокс од причина што е премногу стрмно а и местата каде што сега изгледаат одлични за поставување бокс напролет се тотално под вода поради стрмниот брег... За да може да влезе багер прво треба да влезат едно 10 души со моторни пили и да ја искасапат пола шума поред водата ( тешко дека некој во државава ќе дозволи да се исече толкаво количество дрва за да се направи такмичарска патека ).
Заштита на рибниот фонд!!!
За да се направи вакво такмичење на Велешко, мора МОРА да се забрани тотално лов на крап и амур уште од сега + константно да се порибува до самиот почеток на натпреваров со значителна тонажа на риба ( 3 тона крап во велешко е исто како едно шише вода од литро ипол да си истурил, за да би се осетила разлика не 3, 30 тона ќе бидат малце ).
Забраната за лов на крап и амур да се постави на Велешко е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА. Со оглед на тоа што последниве 2 сезони и неодам на друга вода и меѓувремено ги упознав скоро сите мештани кои што по 4-5 месеци се со приколици, кампови на вода и секоја слободна минута ( а имаат повеќе слободно време него ли било кој од нас ) ја користат да бидат на вода, и трските не им се извадени воопшто од вода, НЕМА ТЕОРИЈА да го натераш овој да ја пушти рибата... Ако треба и оружје ке игра, но нема рибата да биде вратена жива во вода со гаранција.
Звучам можда многу негативно, но само сум реален и ја знам точната состојба на езерото, верувајте и јас ПРЕМНОГУ сакам да се среди оваа вода како што треба и да биде од светски карактер, но тоа е ПРЕМНОГУ финансии, единствено чааре е да се даде водава на концесија на едно 50 години на едно лице( друштво ) и со помош на сите друштва во државава кој колку може да инвестира и да се направи за едно 5 години макотрпно работење.
Според мене Велешко во моментов е една од најдобрите води во МКД, но за да се направи нешто повеќе, треба време и огромни финансии... Иако и ваква како што е моментално буди само воздишки на многу крапари низ светов, уште од сега имам најавено неколку екипи од Англија ( попознати и помалку познати крапари ) кои што кога ги погледнаа сликите од уловот на велешко ( од ицо пред се ) онака седнаа на гз, и почнаа да се организираат следната сезона да дојдат да не посетат на една подугачка кампања!!! А уште ако успееме да го средиме пиц пец езерово, верувајте пелагичево, сарулешти ќе биде срамота да се спомнат во една реченива со Велешко... _________________ ZSRRK "VARDAR"
Кој си знае, си вади риба и преку манила.
Pozdrav do site fanovi, Ve sakam site !
|