Бев денес на Пчиња кај Бадар и тапа. Само три попадики и другото плашка (чудо ми даде една како тие „бојниците„ од тиквешко, на француско лепче) и оние вардарки ли како ги викаат, со бочна црна линија и како со пегици така нешто. Нешто над пола кило да сум фатил. Татко ми беше подалеку од мене во еден длабок вир (2м е длабоко за тој дел на Пчиња) и на црн црв фатил две кленчиња, едното накај 50 другото накај 100 грама. Исто и кај него другото плашка и тие вардарките. Него ме чуди рибарска контрола трипати по ред иде, ќе умре некое магаре, дај боже од тие на мост што ги чекаат неуспешните риболовци. Не верувам да имаше нерегуларности инаку ќе кажеа, татко ми поправи муабет со нив за мрежари за диви риболовци без дозволи и други чуда.
Него не знам зошто се има изнакотено трева таму. Преполно е а немаше порано, лани малку а сега врие од трева, кај и да фрлиш закачка. Дали некои услови се имаат сменето за тревата да се шири, не знам. Претходниот пат (пред две недели) татко ми ја зафрлил трската (дубинец) во трева негде погодил. Удира клен (700 грама беше го мерев после) и не го осетивме на врв на трска. Почна да шлапа по вода викаме што е сега работа, дали брка рипчиња нешто и викаме како не удри на нашето. После сфативме дека он се бори всушност да се ослободи ама трската и понатаму не мрда. Конецот фатен во тревата и не пренесува на трска. Земам трската и почнав да тегнам и трева и гранки и се' затоа што 35-ка плeтен конец имам на таа трска, не му се плашам ни на крап 10 кила а не на клен 700 грама па и во корења да влегол
Очекувам да почне попадиката да јаде, омилена риба ми е, и ако се смени нешто на тој дел ќе известам. Не сум про во нејзино фаќање, може и нешто утнувам, може ќе сум се врател со 10 наместо 3 кога би бил поискусен риболовец. Ја бркам на бел црв скоро на дно, ми имаат кажано луѓе есено време да заборавам на пченица како мамец за неа. Друго не знам што треба да и се погоди. Споделете некој совет.
Ете тоа беше како кратка репортажа за две мои идења на Бадар. Се надевам ќе има и подобри вести од добар улов понатака.
те го кленчо од првиот пат
http://tinypic.com/r/2sbjyvo/5
Slikava ti ja postavuvam kako link da ne ti ja kvari reportazata..klenot e ubav ali zarganata racvasta 13 necini...Kompir99