Niti zajko ima carobna boila niti Jane ima carobno stapce . . . ako razbiras . Ako se tolku ubedeni vo carobnata boila i carobnoto stapce i carobnoto iskustvo neka se javat ovde ....ce stavime ubavo kupce pari i ce takmicime . . eden na eden i na CRNICANI ako treba
Ова 1 на 1 е комедија, целта на 1 на 1 да се докаже кој од тие дваца е подобар, а последен пат кога проверив на сите купови, европски, светски , пријателски се организираат во тимови, исто како мојата генерација место да игра футбал , решија да играме Кантер , и стално имаше еден најак у маало , ајде брат 1 на 1 и стварно чоекот паратали правеше , али кога ке дојдеше време за натпревар неговиот тим нигде го нема пошо тој нема појма од тимска игра. Фактот дека во тимски спорт индивидуалнуите способности се плус ако знаеш како да ги имплементираш во тимот вредат , ако незнаеш а и не сакаш џабе е не си вреден за ништо освен да одиш сам да си правиш кејф и да си пецаш ручек или мезе.
А фактот дека бара опрема си бара.
Знаете сите каква слика излезе на интернет , Меси треба да ебе и и вика на девојката , немозам да функционирам без Иниеста и Чави, истото важи и овде, а за да имаш ортак кој немора да му кажеш што сакаш или каква стратегија треба , е брат треба да ловите заедно со години и години , а и најважното е што треба сите на форумов да се не себични и да си ги делат своите тајни , зборам за оние кој се натпреваруваат.
Чист пример јас започнав со овој наш спорт во април, значи немам ни година искуство ме викнаа како трет во тим и отидов да поднаучам нешто, а во мегјувреме отидов на еден тренинг на Црничани, е сега се случи да моите јадици бидат исправени од усна на крап, тоа се случи ради тоа што немав појма какви све јадици има и дали овие се квалитетни . Оние со кој бев инстантно ми кажаа сто да си купам и ми понудија од нивните за користенње, а имаше еден дечко од спротива на езерото , ист профи крапџија како некој на форумов, коментира околу јадициве цел фил комедија можесе да се сними, и усте коментира да се стави во правилникот за натпревари каква опрема( јадици ) мора да се користат. Е брат затоа ништо нема да биде , место да дојде и да каже имас јадици таму и таму , такви онакви земи тие се супер ..... не за друго не е за мене или некој друг, сите со тек на време од искуство ке дознаеме каква опрема треба, меѓутоа зашто да не помогнеш на некој „потенцијален“ претставник на твојата држава, дури и да нема никакви шанси, да го подучиш. Спортов не ни е баш развиен, доколку нема противник нема да биде интересен. А особено новите млади луѓе можат да донесат уште повеќе пријатели во овој спорт за поголема масивност, а и баш тие млади кога ке остарете и ке седите пред ТВ со Турскиве серии , е они ке ве претставуваат на сите оние горе наведени натпреварување.
За да имаме Репрезентација покрај индивидуалните квалитети треба да се има и тимски квалитети, а и да се споделуваат споделуваат своите ОСНОВНИ знаења, никој не ве тера вашиот ЏОКЕР да го покажувате, а верувај такви немаме.
А имаме многу на овој форум кој што апсолутно се најдобри и знаат апсолутно се, а не сум ги видел никаде, во моето скромно време на крапски риболов, али можам да се пофалам дека видов добри 80% од форумов ( крапџии ).
Сега во овој пост ке се пронјдат неколку членови на форумов, и одма ке добијат можност да си ги покажат индивидуалните способности за користење на форумов.
Не сакав никого да навредам, тие што ќе си се пронајдат да не го сватат ова лично и навредливо, вие сте земени за пример, а верувајте повеќето се исти.
Форумот треба да зближува и подучува, тоест да се разменуваат идеи, знаења , стратегии за да се помогне да нашето хоби,спорт стане на високо ниво ида нашите претставници да бидат високо рангирани, а не за да се препукаваме и да мудруваме.
Кога го најдов форумов бев пресреќен реков ке биде добра едукација, фала на оние што се потрудија и лично мене ми помогнаа да научам нешто она основното. Меѓутоа веќе кога го отварам форумов нема што ново да видам или да научам, можам само да видам некој нов пост каде што има војна помеѓу членовите.
А околу лигата бидејќи забегав со постов, ради тоа што сум згаден од колку ние сме себични.
Имам неколку забелшки, Прво учество ми е немојте да ми замерите ако не сум во право.
Фалат основни работи кој не се поврзани со самиот натпревар,:
Медицинско Лице, замисли да му се слошеше на некој или да го каснеше некое животинче.
Учесници со повредени риби, изморени риби , амури или полни сакови да чекаат по 1-2 саата за мерење на рибата, а јасно стои во некои одрдени ситуации да има вонредно мерење, ова не беше баш така пред да ургираат према судиите.
Други замерки немам.
Бидеќи се друго е до натпреварувачите дали тие ќе ги поштуваат правилата.
Нашите води се тие , и нема да се променат. Тука организаторот нема што да направи.
Сакам само да им посакам бстро на оние кој ќе продолжат да се натпреваруваат, и да ни ги бранат репрезентативните бои.
И да им се заблагодарам на претставниците на ова светско , што не не избрукаа, и што дадоа се од себе.
А околу изборот за кој треба да не претставува, во моментов начинот е идеален. Доколку сакате МРФ да избира тогаш лигата воопшто не ни е потребна.
Поздрав,