И што би рекол Тони Михајловски во една негова реплика од филм „Што да кажам, а да не заплачам...“
Момци, далеку од тоа дека ми е до плачење или дека на некој друг треба да му е до плачење !!!
Квалитетот на натпреварувачите кои беа на Светско мислам дека ќе се сложите сите е неоспорен. Меѓутоа не секогаш квалитетот е единствениот предуслов за да се качиш на пиедесталот... За Пепи и Мики кои лично не ги познавам искрено имав најголем сомнеж и ајде така да кажам страв дека ќе „крцнат“ особено кога видов дека за соседи ќе ги имаат Србите и Хрватите (кои исто така не ги познавам
но според коментарите од поискусните тука и според досегашните постигнувања ама ич не се пожелни за соседи, што подоцна се испостави барем според мене дека и не е можеби така лошо што бевме во Српско-Хрватски сендвич). Дечките се покажаа и докажаа како одлични натпреварувачи изборуваќи се за трето место во својот сектор што според мене (кој сака и што сака нека кажи) е ОГРОМНА РАБОТА !!! БРАВО !
За жал, во другите два сектори работите не се одвиваа како што посакувавме сите...
Посебно ме интересира што „крцнало“ кај Ицо и Даниел затоа што во тој сектор видовме дека се извади некаде околу 330кг... Што било и како било верувам дека ќе дознаеме откако ќе се врати репрезентацијата во Македонија.
Со Јане се видовме ден пред да заминат за Португалија и ми вели: Ќе видиш каков баксуз сум, во најлошиот сектор и најлоша позиција ќе имам гарант... Еј Јане, кобник еден
Ц сектор се виде дека е СРА*Е ВО БОЈА (уствари цело езеро е СРА*Е ВО БОЈА)!!!
Тоа е што е, верувам дека сите го дале максимумот од себе, дека се бореле до последниот свиреж и тука нема што да се коментира... Околу тактиките, техниките и разно разни тракатанци ќе коментираме откако ќе се вратат и ќе ни пренесат што и како било, вака од овде мислам дека ја немаме комплетната слика !
И едно да се разбереме, ЖЕЛБИТЕ СЕ ЕДНО, МОЖНОСТИТЕ ДРУГО!!!
Мислам дека натпреварувачите се побогати со едно огромно искуство како што е впрочем и Светско првенство, ние тука поминавме три дена во очекување поткрепено со енормна доза на адреналин и разни емоции кои преовладуваа во зависност од вестите кои ги добивавме, што значи кога ќе се повлечи една пралела, барем според мене НИКОЈ НЕ Е ГУБИТНИК и НИКОЈ НИШТО НЕ ИЗГУБИ, сите сме побогати со едно искуство повеќе!
Сашо кажа најдобро, репрезентација не се гради за една година, треба време и се разбира требаат натпреварувачи КОИ СЕ ЖЕДНИ ЗА ДА СЕ ДОКАЖУВААТ И ПОБЕДУВААТ. Убеден сум дека ова беше една „отскочна даска“ во Крапскиот риболов и општо во риболовот во Македонија, пример како се ставаат добри темели за нешто кое треба да се гради и развива во иднина.
Уште еднаш поздрав до сите, се надевам нема да ми замерите што бев малку поопширен.