Ke se zadrzam samo na pravilata sto se odnesuvaat za krapski ribolov......
Pravilnikot e prekopiran od orginalot i e verodostoen.
IV. Дисциплина „КРАП“
А. Општи одредби
Член 45
Натпреварите може да се одржуваат на реки, канали, езера како и на други соодветни води, така што сите натпреварувачи (екипи) да имаат приближно еднакви услови за риболов.
Длабочината на водата мора да изнесува минимум 1,5 метри.
Минималната широчина на површината наменета за риболов треба да изнесува најмалку 50 метри доколку од спротивната страна нема други натпреварувачи , односно
најмалку 100 метри доколку од спротивната страна има натпреварувачи.
Натпреварите може да се одржуваат како лига или поединечни натпревари.
Член 46
Во близина на риболовните рингови задолжително треба да бидат инсталирани санитарни јазли од страна на организаторот.
Патеката не смее да предизвикува никаква потенцијална опасност за учесниците на
натпреварот и посетителите.
Член 47
1. Право на учество во лига и куп натпреварите во организиранизација на МРФ, имаат сите РЗК членки на МРФ, кои навреме ја уплатиле чланарината за тековната година и кој навремено го извршиле пријавувањето и уплатата на котизација за одреден натпревар.
2. Под поимот екипа се подразбира тим составен од двајца натпреварувачи (дуо),
еден резервен натпреварувач и капитен на екипата. Поединечни натпреварувачи (единки)
немаат право на учество на натпреварите.
3. Секоја екипа која што има желба да земе учество во натпреварите е должна да обезбеди минимум на неопходна опрема а тоа е:
- 4 риболовни трски не подолги од 4 метри
- 4 чекрка (машинки) за риболов
- 4 електронски индикатори
- 4 механички покажувачи (свингери)
- 1 црпало за риба со минимални димензии 70 x 60 x 70 см и со мрежа не поплитка од 50 см.
- душек за одлагање на уловена риба со минимални димензии 70 x 50 см
- 4 платнени вреќи за чување риба (carp sak) со минимлани димензии 40 x 70 см.
4. Секоја екипа може да пријави резервен натпреварувач и капитен на екипата.
Резервниот натпреварувач за време на натпреварот не смее да влегува во боксот на својата екипа но може да изврши замена во текот на самиот натпревар. Во тој случај мора да остане
да натпреварува до крајот на истиот.
Доколку екипата нема капитен, неговата улога може да ја превземе резервниот натпреварувач.
Во една натпреварувачка сезона составот на екипата (двајца натпреварувачи,
резервен натпреварувач и капитен на екипа) не може да се менува.
Во рингот може да пристапи само капитенот на екипата, со претходно одобрение од страна на судиите, и да дава исклучиво усмени напатствија. Сите други дејствија се
забранети.
Сите натпреварувачи, како и капитенот на екипата, мораат да бидат регистрирани спортски риболовци и поседуваат спортска легитимација пред почетокот на натпреварите за тековната година, согласно правилникот за регистрација на МРФ. Нерегистрираните членови на екипи (натпреварувачи или капитени) немаат право на настап во тековната година.
5. Екипите учеснички имаат право да носат на деловите од својата облека обележја на своите покровители, фирми и сл., како и знаме на јарбол со максимални димензии 1,5 x 1 м.
Поставување на рекламно пано со максимални димензии 2,5 x 1,5 м. е дозволено само на
натпревари кои ќе се одржуваат на води од некомерцијален карактер.
Секоја екипа, уредно пријавена и регистрирана како учесник во крапската лига, е должна да учествува на сите кола од истата, без оглед на остварениот пласман во текот на натпреварите.
Б. Потребни услови за натпревар
Член 48
1. Натпреварите се одржуваат на езера од комерцијален карактер, вештачки акумулации и природни езера кои ги исполнуваат условите за натпревар.
2. Доколку нема натпреварувачи од спротивната страна на брегот на водата одредена за натпревар, површините одредени за риболов не се ограничуваат далечински.
3. Површините определени за риболов на комерцијални води можат да бидат странично (во ширина) обележани со трака, жица, маркери и сл. без оглед дали од
спротивната страна има или нема натпреварувачи.
4. Доколку од спротивната страна има натпреварувачи, а постои реална можност да си попречуваат едни на други, површините одредени за риболов мораат да бидат обележани
со лента, маркери и сл. од трите страни во водата (лево, десно и напред).
5. Позициите кои се во близина на мостови, електрични водови и сл. треба да се одбегнуваат најмалку 50 м. од позицијата.
6. На вештачките акумулации и природните езера растојанието меѓу дуата треба да
изнесува најмалку 50 а најмногу 100 метри, во зависност од условите, со можност (доколку не постојат објективни услови за испочитување на ова правило) растојанието меѓу боксовите да се адаптира на постоечките услови.
7. На комерцијалните рибници се прифаќа постоечкото растојание помеѓу дуата.
8. На вештачките акумулации и природните езера местото (рингот) за риболов треба да биде со правоаголни димензии поставен према брегот најмалку 5 x 5 м. а најмногу 8 x 8 м.,
во зависност од условите, со можност за прилагодување во услови на непостоење на можност
за обезбедување на потребните димензии на ринговите.
9. Рингот треба да е околчен, обележан со лента и поставен правоаголно спрема брегот.
10. На комерцијалните рибници натпреварувачките ги прифаќаат постоечките димензии и обележувања на ринговите.
11. Секој ринг мора да обезбедува чист простор за зафрлување во висина од најмалку
7 метри.
12. Секој ринг мора да биде обележан со број пред извлекувањето на позициите.
13. Во склоп на теренот предвиден за одржување на натпреварот задолжително треба да биде предвиден и обележан простор за официјалните лица ( кој ќе служи како сигурносна зона), каде не е дозволен влез за неовластени лица, со широчина најмалку 1,5 до 2 метра.
Член 49
В. Проверка на присутност и правила на извлекување-жребување
1. Сите екипи мораат да бидат на местото на натпреварот во точно утврденото време,
согласно однапред доставената програма.
2. На извршената прозивка секое дуо мора да има свој претставник - (капитен).
Екипата која што на прозивката ќе нема свој претставник, капитен или овластено лице
(навреме пријавено), ќе се смета за неприсутна и нема да учествува на натпреварот.
3. Извлекувањето на натпреварувачките позиции со жребка ќе започне најмалку 120
минути пред почетокот на натпреварот I сигнал (се наведува во програмата).
4. Тимот што ќе го спроведува извлекувањето на позициите ќе биде составен од официјални судии делегирани за натпреварот од страна на судиската комисија на МРФ.
5. Тимот ги пребројува и ја контролира исправноста и точноста на броевите запишани
на ливчињата за извлекување (мораат да бидат со исти димензии).
6. Бројот на ливчињата мора да одговара на бројот на присутните дуа и да биде соодветен со бројот на обележаните рингови.
7. Броевите на ливчињата не смеат да бидат на било кој начин видливи за време на извлекувањето
8. Сите топчиња мораат да бидат со еднаква боја и без посебни обележја.
9. Секое извлекување ќе се состои од две фази.
• I фаза: извлекување за редослед на извлекување според азбучен ред на екипите.
• II фаза: извлекување на позиции за риболов спрема утврдениот редослед
10. Право на извлекување имаат само пријавените претставници (капитените) на дуата или навреме пријавено овластено лице (претставник).
11. Секој претставник има право да извлече само едно топче.
12. После извлекувањето, без да го отвори, топчето со бројот го предава на членот на тимот задолжен за контрола на извлекувањето.
13. Член од тимот го контролира и утврдува бројот запишан на ливчето во топчето и го запишува во листата на стартните позиции.
14. Секој обид за кршење на правилата за извлекување се казнува со моментална
дискфалификација на дуото.
15. Секој од претставниците на дуата има право на усмен приговор на регуларноста на извлекувањето до моментот на завршување на истото.
16. Усмени приговори поднесени после утврдените и запишани броеви на дуата во
стартната листа не се земаат во предвид.
17. За секој натпревар одделно се формира жири комисија која се состои од 5 (пет) члена. Во жири комисијата влегуваат 3 (тројца) судии делегирани за напреварот и 2 (двајца) членови од редот на капитените на екипите. Членовите на комисијата од редот на екипите се одредуваат со жрепка.
18. Жири комисијата одлучува по приговорите поднесени во врска со одвивањето на натпреварот и утврдувањето на резултатите. Одлуката на жири комисијата е конечна и се донесува со мнозинство. За работата на жири комисијата и нејзините одлуки се води записник.
Член 50
Г. Подготовки за натпревар, натпреварување и крај на натпреварот
1. По извлекувањето на позициите за натпревар секое дуо треба да ја однесе опремата на својата позиција без да навлезе во самиот ринг, а истите услови важат и за луѓето кои евентуално помагаат во транспортот на опремата.
2. Откако официјалните судии на натпреварот ќе утврдат дека сите дуа ја транспортирале опремата до своите натпреварувачки позиции го даваат првиот сигнал за почеток на натпреварот, после кој натпреварувачите можат да пристапат во ринговите и започнат со поставување на опремата.
3. Во рамките на обележниот ринг дозволено е поставување на шатор, тенда или
чадор.
4. За овие подготовки натпреварувачките дуа имаат на располагање 90 минути.
5. За времетраењето на овие подготовки не се дозволени никакви активности на
површините определени за риболов (зафрлување, мерење длабочина, сондажа,
прихранување и сл.)
6. Забрането е поместување на поставените обележја на рингот.
7. По вториот сигнал, за време од 30 минути, натпреварувачите можат да започнат со натпреварувачки активности (мерење на длабочина, тешка прихрана и сл.).
8. По третиот сигнал на судиите, натпреварувачите отпочнуваат со риболов, при што можат да ја користат целата дозволена површина на одредената позиција физички обележана
(трака, жица, маркери и сл.) или аксијално (во правец на поставеноста на рингот према водата и несмеат да го преминуваат правецот кој го дава левата и десната срана од рингот) во рамки
на обележен ринг на физички необележани води.
9. Секое намерно, повеќекратно, зафрлување надвор од обележаната површина наменета за риболов, во било која фаза од натпреварот (риболов, прихранување, сондажа,
мерење длабочина), не е дозволено.
10. Во текот на натпреварот е дозволено поставување и вадење на маркери, за прецизно означување на местото за риболов, во рамките на површината обележана за дуото
и тоа исклучиво со рибиловна трска.
11. Дозволена е упореба на светлечки ампули монтирани на маркерите.
12. Не е дозволено поставување на слободни маркери (со ПВА конец или на друг начин) на површината одредена за риболов.
13. За време на натпреварот, натпреварувачите не смеат да примаат никаква помош од страна, ниту да го напуштат обележаниот ринг. Рингот може да се напушти исклучиво со претходно одобрение од страна на судијата и не подолго од 30 мин.
14. Дозволено е излегување од обележаниот ринг во рамките на површината определена за риболов само за време на заморувањето на рибата (пет метри лево и десно а во правецот на водата максимално до висина на колениците).
15. При заморувањето и вадењето на рибата навлегување во ринговите и површините наменети за риболов на останатите дуа не е дозволено, ниту пак рибата смее да помине во
површина одредена за риболов на друга едипа (дуо).
16. Дозволен е пристап на неовластени лица само до обележаната сигурносна зона.
17. Дозволен е пристап на новинарски и ТВ екипи во рамките на сигурносната зона а на стартното место само со дозвола на судијата и натпреварувачите.
18. За време на натпреварот, натпреварувачите се должни да се движат претпазливо
во рамките на одбележаниот ринг, без да создаваат врева.
19. Забрането е осветлување на површината наменета за риболов со помош на рефлектори и ламби, но е дозволена употреба на мала (рударска) батериска лампа.
20. Дозволено е дискретно осветлување во шаторот на дуото.
21. Четвртиот сигнал е сигнал за предупредување и најавува дека натпреварот ќе заврши за 15 минути. Овие 15 минути служат за да се извади евентуално закачената риба,
пред означуањето на последниот петти сигнал.
22. По давањето на петтиот сигнал натпреварот и официјално е завршен. За важечка се смета само онаа риба која што е надвор од водата.
23. После завшување на натпреварот, дуото е должно да ја собере својата опрема и го
исчисти рингот од отпадоци.
24. Писмени приговори (со наведена причина и потпис), од страна на натпреварувачите или капитените, се поднесуват во текот на натпреварот и 30 мин. по петтиот сигнал, односно
крајот на натпреварот и се доставуваат до жири комисијата.
25. За секој приговор подносителот остава депозит од 1.000 денари. Доколку истиот не се усвои депозитот оди во касата на организаторот (МРФ). Во спротивно му се враќа на
подносителот.
26. Судиите се должни да ја утврдат веродостојноста на приговорот и за таа цел можат да вршат проверки и контрола на сите делови од опремата.
27. Доколку се утврди прекршок на правилата, екипата што го направила прекршокот
се казнува зависно од видот на прекршокот со жолт или црвен картон ( дискфалификација).
28. Со жолт картон се казнува за кршење на правилата од точките 1, 2, 5, 8, 9, 10, 12,
13, 14,15,18,19,20 и 23.
29. Со црвен картон се казнува за кршење на правилата од точката 6 и за секој прекршок од точка 29 доколку екипата претходно веќе има добиено жолт картон.
Д. Опрема, мамки, прихарана, правила и време на ловење и прихранување.
Член 51
1. Дозволена е употреба на неограничен број на риболовни трски со тоа што едно дуо може истовремено да лови само со 4 (четири) риболовни трски. Останатите резервни трски треба задолжително да бидат поставени вертикално во однос со риболовните постоља (род подови).
2. Должината на риболовните трски несмее да биде поголема од 4 (четири) метри.
3. Дозволена е употреба на електронски индикатори и механички покажувачи
(свингери).
4. Задолжително е ловење со една јадица на еден рибиловна трска, како и монтажа на влакно.
5. Задолжителна е употреба на системи со лизгачко (нефиксирано) олово не полесно
од 50 грама или на полуфиксни, таканаречени сигурносни системи, каде што при мал отпор после кинењето на риболовниот конец, оловото се ослободува.
6. За монтирање на полуфиксни сигурносни ситеми дозволена е употреба на гумени
цревца (божури) и сигурносни копчиња.
7. Мамките за риболов и прихраната задолжително мораат да бидат од природни состојки. Дозволена е употреба на боили (кнедли), пелети и сите видови на семиња
(претходно проварени и процедени). Забранета е секаква употреба на животински мамки и
икра, мамки изработени од вештачки материјали и метал. Дозволена е употреба на сува прашкаста храна (секаков вид на миксеви).
8. Прихраната не смее да биде формирана во топки поголеми од 10 см во пречник.
9. Забранета е употреба на сите видови хранилки, како и мини хранилки монтирани на влакно.
10. За прихрана се дозволени сите видови на рачни алати во форма на цевки (кобра),
лопатки, прачки, ракети изработени од пластика и метал како и техниките на прихрана со ПВА
материјали (мрежички, конци, кесиња, ленти и сл.).
11. Дозволена е употреба на статичен катапулт во форма на прачка, кој се управува со две раце, а е направен исклучиво на растегнување со гума.
12. Забранета е употреба на електронски ехо сонари, бротчиња за прихрана, топови на
компримиран и природен гас, како и механички статични катапулти кои немаат облик на прачка.
13. Забрането е прихранување со тешка храна (ракета, катапулт, лопатка и сите видови формирани топки за прихрана) секој ден во времетраење од 10 часа во вечерните и до рани утрински часови, со претходен договор за терминот пред почетокот на натпреварот во
зависност од периодот на одржувањето на натпреварот.
14. Количината на прихраната за натпревар што ќе ја користи едно дуо не е ограничена, со тоа што се забранува дотур на прихрана и мамки во текот на натпреварите не
подолги од 50 часа, како и меѓусебна размена на истите.
15. Се дозволува еден дотур на однапред подготвена прихрана и мамки на натпреварите со времетраење подолго од 50 часа и тоа после поминати 2/3 од натпреварот, со претходна проверка на составот и видот на мамките и прихраната од страна на судиите. Секаков друг дотур на храна или мамки не е дозволен.
16. Забранета е употреба на сите видови чамци.
17. Забранета е употреба на сите видови пливки.
18. Забрането е косумирање на алкохолни пијалоци и користење наркотични средства за време на натпреварите.
19. Со жолт картон се казнува за кршење на правилата од точките 5, 8, 13 и 18.
20. Со црвен картон се казнува за кршење на правилата од точките 1, 2, 4, 7, 9, 12, 14,
15, 16 и 17 и за секој прекршок од точка 19 доколку веќе има добиено жолт картон.
Ѓ. Мерење на рибата, правила на бодување и правила на однесување со уловената риба.
Член 52
1. За важечки улов се смета риба од врстата крап и амур со минимална тежина од
1000 гр. (доколку предходно подруго не е договорено со организаторот).
2. Уловената риба задолжително се прифаќа со црпало за риба со одредени димензии на отворот и мрежата (Член 41 точка 3).
3. Рибата задолжително се одложува на мокар душек со одредени димензии (Член 41
точка 3).
4. Уловената риба задолжително се чува во специјални чуварки, платнени вреќи (carp sak) со одредени димензии (Член 41 точка 3). Чуварките мораат да бидат потопени во вода со
целата своја должина.
5. Риба закачена и за друго место освен за уста се смета за важечки улов.
6. Уловената риба заедно со судиите ја мери член на дуото, и истата не смее да биде извадена надвор од водата до нејзиното мерење.
7. Рибата ја мерат најмалку 2 (двајца) судии со електронска вага.
8. Мерењето се врши на секои 6 часа (по потреба може и пред овој рок).
9. Се мери секоја риба поединечно, а при секое мерење чуварката во која што се врши истото мора да биде навлажнета.
10. Судијата ја запишувава регистрираната тежина во листата на дуото и во
натпреварувачкот дневник за стартното место (позиција, бокс, ринг) во присуство на еден член од натпреварувачите.
11. После мерењето рибата претпазливо и неповредена мора да се врати назад во
вода.
12. Секоја тешко оштетена или мртва риба, по вина на натпреварувачот, нема да биде
мерена и нема да се смета во крајниот резултат на натпреварот.
13. По завршеното мерење членот од дуото непосредно присутен на мерењето, заедно со судиите е должен да го потпише натпреварувачкот дневник за стартното место (позиција, бокс, ринг).
14. При враќањето на рибата назад во вода, дозволено е излегување од обележаниот ринг во правец на местото одредено за риболов во висина до колениците.
15. Приговори за тежината на рибата, после потпишувањето на натпреварувачкот дневник за стартното место (позиција, бокс, ринг), не се признаваат.
16. Забрането е непријавување на уловената риба при било кое мерење.
17. Доколку при вадењето на рибата натпреварувачот видливо ги заплетка конците за риболов на соседна екипа исправно зафрлени (рибата е извадена заедно со риболовните конци на соседна екипа), истата нема да се мери и пресметува во крајниот резултат.
18. Бодувањето се врши по принципот еден поен на 1 грам улов.
Бодување на натпревари во едно коло (Куп „Крап“ и натпревари во организација на РЗК
и сл.):
19. За натпреварите што се оддржуваат во едно коло, победник е дуото со најголема уловена тежина (најголем број на поени). Понатамошниот пласман се определува од поголемата кон помалата уловена тежина.
20. Во случај да две или повеќе екипи имаат идентичен број на поени, предност има дуо кое има уловено примерок на риба со најголема тежина. Во случај и на таква еднаквост
предност има дуо со поголема просечна тежина (вкупна тежина поделена со бројот на
уловените риби), а во случај и на таква еднаквост предноста се одредува со жребка.
21. Кај натпреварите кои се одржуваат во едно коло дуата што нема да забележат улов добиваат нула (0) бодови.
Бодување на натпревари во повеќе кола (Крапски лиги и сл.):
22. Кај лига натпреварите победникот на секој натпревар добива бодови еднакви на бројот на екипите учеснички кои го започнале натпреварувањето во лигата а останатите според редослед по 1 (еден) бод помалку. Дуата без улов добиваат бодови соодветни на бројот на незавземените места сметано според бројот на екипи кои ја започнале лигата. Дуата кои оправдано и со предходна најава до организаторот не учествувале на натпреварот добиваат 0 (нула) бодови, а останатите кои без најава и неоправдано не учествувале на натпревар се дисквалификуваат за тековната година.
23. Доколку во исто коло две или повеќе дуа имаат идентичен број на поени, предност има дуо кое има уловено примерок на риба со најголема тежина. Во случај и на таква еднаквост предност има дуо со поголема просечна тежина (вкупна тежина поделена со бројот на уловените риби). Во случај и на ваква еднаквост дуата добиваат бодови еднакви на просекот на нивните незавземени места.
24. Во генерален пласман, по завршената лига натпревари, победник е дуото што има најголем број на освоени бодови во сите кола а понатаму се распоредуваат екипите по редослед од поголениот кон помалиот збир на бодови.
25. Во случај на ист број на бодови кај две или повеќе дуа во генерален пласман по завршувањето на сите предвидени кола, предност има дуо со поголема вкупна уловена
тежина од сите натпревари. Во случај и на таква еднаквост предност има дуо кое има уловено
примерок на риба со најголема тежина во кое и да е коло. Во случај и на таква еднаквост предност има дуо со поголема просечна тежина (вкупна тежина поделена со бројот на
уловените риби) на сите натпревари. Во случај и на ваква еднаквост победникот се одредува
со жребка.
26. На дуото, кое со дозвола на главниот судија од оправдани причини (болест и сл.)
му се дозволи да го напушти натпреварот и реална неможност истиот да го продолжи, ќе се пресметува дототаш постигнатиот резултат. За истото мора да се состави и потпише записник.
27. Со жолт картон се казнува за кршење на правилата од точките 2, 3, 4, 6, 11, 12, 14
и 17.
28. Со црвен картон се казнува за кршење на правилата од точката 13 и 16 и за секој
прекршок од точка 27 доколку претходно веќе има добиено жолт картон.
Е. Значење и објаснување на казнените мерки
Член 53
1. Секоја единечна усмене опомена се запишува во листата на дуото и натпреварувачкот дневник за стартното место (позиција, бокс, ринг) без да повлекува со себе казнени одредби.
2. За секоја повторена усмена опомена се доделува жолт картон.
3. Секое дуо казнето со жолт картон задолжително го продолжува натпреварот со тоа што на крајот од истиот се одземаат 10% од вкупната уловена тежина.
4. Секое дуо казнето со црвен картон мометално го завршува и напушта натпреварот.
Казнетото дуо добива нула (0) бодови за тоа коло а на крајот од сите предвидени кола од вкупниот број освоени бодови му се одземаат 5.
5. Секој втор жолт картон доделен на исто дуо автоматски повлекува црвен картон.
6. Освен за повредите на членовите 42, 43 и 44, 45 и 46 од овие правила, со црвен картон се казнува и за груб или навредлив однос кон судијата, делегатот, организаторот, друг учесник на натпреварот, како и кон публиката.
Член 54
За секој натпревар се делегираат онолку судии неопходни за да натпреварите се одвиваат според правилата и пропозициите на МРФ во спортски риболов (најмалку четири).
Секој судија треба да има предвид:
• да ја контролира опремата како и составот и количината на прихраната доколку е ограничена.
• да го контролира начинот на ловење од страна на натпреварувачите.
• да го забележи секој улов и да ја запише тежината.
Член 55
Организаторот може да ограничи количеството на прихрана со пропозиции. Во секој случај количеството на прихрана ( варена и процедена) мора да му се даде на увид на судијата.
Член 56
Натпреварот трае минимум 50, а максимум 72 часа непрекинато.
Во случај на прекини, поради временски непогоди, натпреварот може да биде прекинат од најмногу 1/5 од времетраење на целиот натпревар. Времето на прекинот не се надоместува на крајот на натпреварот.
Доколку времето не се смири истиот се прекинува. Натпреварот ќе се смета за важечки доколку поминале минимум 3/5 од истиот несметајќи го времетраењето на прекинот.
Во лига натпреварите прекинат натпревар не се организира повторно.
Член 57
За време на натпреварот стартните судии ги завземаат местата десно или лево од натпреварувачите ( да не пречат), но сепак да се во можност да го надгледуваат уловот.
Натпреварувачите чуварките ги поставуваат во позиција да можат да бидат надгледувани од страна на судиите. Рибите се ставаат внатре и се чуваат живи додека не дојде екипата за мерење.
Член 58
Победникот на лига натпреварот се стекнува со епитет Државен првак на Република
Македонија.
Член 59
На натпреварите се води следната документација:
• Пријава на екипа - дуо
• Натпреварувачки дневник за стартно место
• Натпреварувачки дневник за вкупните резултати
Напреварувачките дневници се чуваат трајно. _________________ https://www.facebook.com/Detektivski-Bezbednosen-Servis-Udjata-1501192640209658/?fref=ts
|