Keltan iako go znaes jas sepak ke go kazam : vo sekoj forum si ima pravila na odnesuvaje, i ako nekoj od clenovite ne se pridrzuva kon istite ili nesto zgresi, toa treba da se isprvi od strana na Administratorite.Znaci pogresno postavena fotografija, krivolov, navreda itn itn administratorite na forumot treba da interveniraat so brisenje na nesoodvetniot material, so ukazuvanje na prrivatna poraka ila na nekoj drug covecki nacin vo koj ke bidat vkluceni normani i nenavreduvacki ukazuvanja. Konkretno reportazata na Oki i te kako dobi nepotrbna negativna dimenzija koga mozese so edna mala intervencija od strana na Adminot toa da se resi takanareceno Sportski...Ova imav potrba da go kazam bidejki funkcijata i nadleznosttite na Filip vo forumot i vo ribar 2011 e da gi resi problemite a ne da podbucnuva tamu kade sto ima i nema prostor.Mislam deka bev jasen, ako posle ova nekoj nemoze da me svati, togas samo Bog moze da mu pomogne!!!
Iskreno mene mi e stalo i te kako od reportazite na Oki i od ribarite slicni na nego....
Forumot ne odgovara za postapkite na svoite clenovi , forumot ne odgovara za sovesta na negovite clenovi , forumot ne deli stavovite so svoite clenovi itn . Forumot sankcionira nedolicno ponasanje na clenovite , forumot opomenuva sa spam , off topic . . . Ribar2011 nema vrska so forumot , ne go mesajte .. . Sekoj clen e dolzen da vnimava sto pisuva i kakvi sliki stava . Preku tie pisuvanja , sliki , nie ostanatite go ocenuvame karakterot , umesnosta vo ribolovot , mentalitetot , kulturata itn . . . me razbiras li ? Mislenje za mene ce steknes samo preku moite pisuvanja i ce doneses sopstven sud za mene . . . Koga vidam reportaza i sliki vo nea a okolu seto dzubre rastureno . . . mene mi e jasno so kakov tip na covek komuniciram , onaj sto ne sobral dzubreto koje go zateknal koga tamu stignal , nema da go SOBERE ni svoeto koga si odi .... me razbiras li sto mi e poentata ?
Zosto mislis deka trebase samo da se izbrisat slikite so linjacite ? Boris kako Admin , ako mene me prasas zgresi sto ja zakluci taa reportaza ! Im go skrati pravoto na clenovite da se izjasnat za nea sto ne e vo red .Zatoa imame i ponatamu niz temi peckanja , zadevanja ..kako so onaa mrena od 4.5kg .. . NE , sekoj ima pravo da pisuva , kade saka i kolku saka i da iznese svoeto mislenje . . temite ne zastaruvaat , zosto clen koj vcera se registriral da nema pravo da dade svoe mislenje vo reportazata so linjacite ?
Na poslednive nekolku strani ne im e mesto ovdeka , neka nekoj od moderatorite go prefrle vo lav muabet ..
Цитирам неколку коментари колку да фатам приклучок и да отворам тема. Гледам дека во Лав моабет имало моабет кој не сум го проследил, а гледам и дека повеќе форумџии погрешно ги сватиле и толкуваат некои правила на форумов, па убаво би било да појаснам неколку работи и да отворам дебата. Ќе ја искористам репортажата на Оки, за да влеземе во темата, верувам дека нема да се лути, за мене неговата репортажа раѓа позитивна дебата
1. Кога нешто не Ви е јасно, пред да пишете нешто, кликнете на Правилата на форумов (затоа што некој ги заборавил), па потоа споделете мислење. Во конкретната дебата репортажата на Оки по правилата на форумот не беше по ништо неисправна и незнам зошто некои луѓе (Goony и др) сугерираа нешто во стилот
“Зошто не се тргнела репортажата и мирна куќа“....Ќе ве прашам зошто и со кое право некој ќе трга репортажа која по ништо не ги повредува правилата на Форумот. Во тие правила ние немаме ставено дека не се дозволени слики од забранети риби, или риби под мерка, или прекумерен улов на риби. Такви правила има во Риболовните основи кои мора да ги спроведуваат концесионерите. За такви работи треба да си води сметка концесионерот, чуварот и на крајот на краиштата ако они не водат сметка тогаш државата која му ја дала концесијата, т.е Инспекторатот при Мин.за земјоделие. За тоа не е надлежен Форумот, форумот спроведува правила на форумот, а не правила од риболовни основи. Форумот може да дебатира, а не да казнува за нарушени правила од риболовна основа
2. Временото тргање на таа репортажа беше грешка и тоа не го направив јас, туку некој од модераторите, но и тоа го направил со најдобра намера, а тоа е да се соберат сите модератори и во модераторска тема да се разгледа репортажата, да се види дали нешто е грешно по правилата на Форумот или не, да се разменат мислења, да се консултираме и да повлијаеме дебатата да не оди во погрешен правец, а погрешен правец е кога некои од членовите свесно или несвесно ја преминуваат границата на коментирање по тема и одат во коментирање по лична основа на друг форумџија. Така и бидна, репортажата се врати комплетна....
3. Незнам зошто некои луѓе имаат потреба (и во овој случај и во други случаи во минатото) да коментираат нешто во стилот
“Му ја расипавте репортажата на човекот“. Тој што коментира на форум, поставува во некоја тема слики, видеа, изнесува мислење, дава совети, или поставува репортажа,.....своето однесување го става на очиглед на целата јавност на форумот. Тука има разни карактери на луѓе, некој се согласува, некој не, некој честита, некој прашува, некој критикува. Дали мислите дека треба да поставиме правило на форумот кое ќе каже “
При коментирање на поставените Репортажи на Форумот дозволени се само следниве смешковци и зборови “честиткти“, “алал да ти е“, “браво“, “секоја чест' “.....за да нема “расипани репортажи“. Мала иронија секако.....Ако некој се лути на некаква криктика (во рамки на правилата на Форумот и без навреди), или на спротивно мислење и се повлекува,....тоа за мене е слабост.
4. Повторно се враќам на репортажата на ОКи како пример.....Некои сугерираа да се тргне репортажата, или да се тргне сликата. Зошто да се тргне сликата ? Сакате да моделираме форум кој е надвор од
реалноста во Македонија. Која е реалноста во Македонија. Реалноста е таа дека сите ние на форумот, а уште повеќе многу други кои никогаш не влегле на форум, илјадници рибари, постојано, свесно или несвесно, со знаење или од неинформираност грешат по однос на тие правила, ловење на риба во мрест, ловење на забранета риба, зимање на малумерна риба, земање на поголема количина од дозволеното за конкретна вода, оставање на ѓубре, загадување на околина и куп други правила. И некој од Вас сега тука сугерирате да моделираме форум на кој нема да искочи ниедна таква фотографија или видео, и да не се дебатира по тоа, мислите дека тоа е правилно ? Да ставиме ли такво правило на форумот ? После такво правило и примена сигурно дека ќе може да се каже “Ејјјј на Форумот на
http://www.ribar.com.mk нема ниедна слика од малумерна риба, нема ниедна слика од поголема количина на земени риби, нема ниедна слика од рибари сликани во чиста околина, нема ниедна репортажа од лов во мрест,.....алал да им е“...... НО ќе ве прашам дали таквата слика е во склоп со реалноста во Македонија ? Што сакате да претставиме дека живееме во Шведска, или реално да си погледнеме во очи, да дебатираме и да пробаме да влијаеме.
Моето мислење е дека не смееме да ги забраниме таквите работи, туку сосема спротивно дека треба да ги иницираме да излегуваат такви работи на форум и да дебатираме за таквите случувања, секако без навредување. Ако се сеќавате едно време имавме дебата за ловењето на риби во мрест. (слична тема отвори и Илија со една своја репортажа во која ловеше на Треска за време на мрест, ама кој го свати. Темата која јас на очиглед ја отворив, ја започнав со примери на луѓе кои поставувале репортажи на форумот за ловење во мрест и не почнав со други, туку лично почнав од себе, јас прв на ТАПЕТ со мои репортажи, после мене Kire, Dare, Filip kumanovec, Полизот, Akiribar , и надоле сите останати активни форумџии кои некогаш сме ловеле за време на мрест.....не дека ние нешто посебно сме направиле штета, ниту пак сме од оние кои за време на мрест носеле цели вреќи дома, туку чисто да се започне дебатата со самокритика и да се зборува за тоа,.....само ако се зборува може да се едуцираме и менуваме на подобро и себеси и другите....и тука доаѓаме до следното
5. Дали може да се менуваме во рибари со подобри рибарски манири и практика ?
Можеби Келтан ќе каже (како што има пишано погоре) “никој неможе мене да ме смени на форум“ и можеби стварно неможе никој, но јас сум убеден дека поголемиот број на членови на форумот и општо рибари во Македонија не се така тврдоглави, ниу пак се на негова возраст и можат да се сменат на подобро и тврдам дека додека постои форумот многу форумџии попримиле или зацврстиле подобро етички и морални рибарски правила. Јас тргам од себеси и од другите кои ги познавам форумџии......Ало па зар не ги гледате оние млади деца по 9, 10, 12 години кои се приклучуваат на Форумов, тие луѓе тек сега почнуваат етички да се калемат....
6. Дали можеме да имаме влијание и надвор од форумот ?
Јас тврдам дека можеме. Јас не се помирувам со констатацијата “Тоа е тоа“.....јас сакам мојата земја да успее во многу полиња, па и во риболовот, јас сакам македонските реки и езера да успеат,...не ме интересира за надвор (т.е ме интересираат позитивните примери).....Сајтот и Форумот досега имаат огромно влијание, јас тврдам и можам да аргументирам
Некој може ќе рече “Што имам јас да влијааам, си има институции, си има здруженија, си има држава, тоа е тоа, за никаде ни е македонскиот риболов, ние сме меѓу позаебаните на Балканот и неможе да се смениме.....на Форум,...на форум доаѓам да видам некоја убава репортажа, да прочитам некоја информација, да се здружам со некој кој ми годи како карактер и тоа е тоа,...што има јас да се замарам со иницијативи, акции, едукации.....што има некој да ми попува тука за малумерни риби, ловење во мрест, а мрежарине партали праат....јас ли да пуштам риба, а оние со динамит ја тепаат“......Колку повеќе луѓе вака размислуваат, толку полошо, толку побезгласна ќе биде рибарската заедница во Македонија, толку поспоро ќе се менуваат работите во МК. Ако те нема, ако не се збори, излага дека е се во ред, и се почесто ќе сањаме за ревири како Ебро, Шведска, Пелагичево, Грција.........алоооо здруженија на педери и лезбејки за секунда знаат бунт во државава да дигнат, марш да напраат, да се чуе, да се види.....а ние рибарскава заедница ќе си ќутиме, дури и на рибарски форум ќе бегаме од проблемите, нема да зборуваме, ќе си
и ќе викаме, “Дај само некоја убава репортажа да видиме“ и терај понатаму...
Така ли треба да тераме колеги ?