Секоја од трите екипи во својот бокс треба-мора да има најмалку по-
1. шест параболици од 3,5либри
2. шест орши со намотан конец со дебелина од 0,25мм + шок лидер,
3. олова од 100гр-120гр по 50 ком.
4. два спод трски
5. ракети од 5-10 комада,
6. спомб 2-5 комада,
7. шок лидер + литкор во доволни количини,
8. кепче големо 2 + две помали но со долги рачки,
9. подметач + кадите од Мики,
10. чуварли 15+ парчиња,
11. катапулт за исфрлање на топки,
12. прашкаста храна 20-30кг,
13. пелети 20кг,
14. шекерац 20кг,
15. спод микс 20кг,
16. боили по 30кг. секоја екипа ќе спреми по 10кг за секоја екипа кои ќе бидат спакувани по 1кг. смрзнати и спакувани во фрижидери со смрзнати шишиња. Смрзнатите шишиња ќе бидат завиткани во весници (така постепено се одмрзнуваат) па се редат смрзнатите боили и најодозгора повторно смрзнати шишиња завиткани во весници. целото тоа прекриено со весници, затворен фрижидер и залепен со селотејп трака. Напомена шишињата да бидат најмалце 5 дена во фрижидер пред поаѓање. Ова значи дека секоја екипа треба да обезбеди по 3 поголеми фрижидерчиња во кои ќе собере по 10кг. смрзнати боили + 4 смрзнати шишиња со вода или пак по шест помали фрижидерчиња во кои ќе има по 5кг. смрзнати боили + 4 смрзнати шишиња со вода.
17. ПВА вреќички, мрежички и траки,
18. тигров орев за мамец ( ќе го има со спремениот спод микс),
19. дипови за боилите,
20. ситен прибор.
Сето ова ќе го има во секој бокс без обзир дали сето ова ќе се употреби!!!!
Стратегијата и тактиката е променлива а доплнување на стаза нема!!!
Ќе повторам реченица на Сергеј ако веќе идам мора да носам се, несмее на сред натпревар да снемам нешто па е сега да имав уштешекерац ќе беше друго.
п.с. вчера бев во посета на Јане и проверив се околу опремата тие имаат скоре се само да се спремат боили и да се надополнат со прашкаста храна, а денес ќе видиме и околу фрижидерчиња.