Јане, ти на 13-ка кај што си немал удари...ние имавме многу.
Маваше и пред тревите и на 15-20метри.
Гоце извади крапче точно на 15м.
Јас извадив 2 точно горе на шлицот (50м).
За жал, се беше 1.200 преку сила. Најголемото 1,490...умре.
Можам да кажам дека 13-ка е ТОП ПОЗИЦИЈА на која пецавме, за разлика од 8-ца.
Поактивна, почиста од сите и држеше риба. Ситна, ама држеше.
Е сеа го викнавме крапчето мало, ама го немаше баткото.
На 8-ца помалку удари, ама излезе па еден од 6кг.
Оди фати му го крајот.
15-ка не ја ни ставам веќе во позиции.
Ама пецав кај што морам, не кај што сакав и молев да ми удри поголем.
дека поголемите се после тревите исто така нема врска.
На 3-ка на купот вадев риба 10+ на 20м. И другиве колеги извадија доста големи риби блиску.
Така да се е релативно и нема дефиниција...неможе сеа да излезеш со заклучок и да кажеш дека
големата риба била далеку и дека морале преку трева да пецаат на 15-ка.
Муабетот ми е дека нема никаква врска ни опрема, ни примама ни бутур...Се земаше крапот, буквално се!
Пецаа и со 2.5лб па вадеа риби преку треви.
Лигава ја решија рибите извадени со поголема килажа, и во втор план реализацијата.
Ако реално гледаме, Ицо е прв!! Ги здроби од млатење тоа тиквешките 2 кола.
Има разлика на ваква вода каде се праи резултат со 3-4 риби.
На светско нема, таму се фаќаат по 500кг до 1 тон.
Таму големината на риба не прави разлика, бројката на уловот го прави тоа занемарливо.
Неможе бе јас да се утепам од работа и да има 6 риби, некој со 1 риба да ме искине.
Кај го има тоа??
Тој што млатна 1-2 парчиња над 5+...се смееше на крајот. Тој што имаше чисти позиции исто така се смееше на крајот.
Тука завршува приказната за нашава лига.
Ти кажав дека ти се снајде највеќе од сите и дека пецаше реално на најлоши позиции од првите 4 пласирани екипи.
Абе ние млатевме 50 саати, откачени мноооооогу... реализирани само 6 риби, згора на тоа и казнени поени.
Од некој слушнав дека и титките се рачунале за удари...ако е така тогаш ние имавме преку 100 удари.
Не сакам и нема повеќе во ниедна тема да анализирам... јасно ми е се.
Џабе докажување и кажување гачки...честитав на првите 4 и им посакав најдобро.
Ќе дадам се да им помогнам.
А за догодина ич не ми се праи муабет, ама ич. Којзнае кој памет и проблеми и мисли и амбиции ќе ме носат натаму.
Сакало имало сектори, сакало немало.