На меморијалниот крапски турнир ТОМЕ ПРЧКОВСКИ учествуваа 10 екипи.
Извинување однапред бидејќи листите останаа кај Пешиќ, но пласманот отприлика беше следниот:
1. Golden carp - Бадар
2. Carp dream team - Рибар 2011
3. CFT R 2011 - Рибар 2011
4. Еko sport fish
5. Хокај - Рибар 2011
6. Бест карп - Рибар 2011
7. CT Бабуна
8. Prespa carp hunters - Бадар
9. CT Богданци
10. Газц Бајтз - Рибар 2011
Купот се одржа на езерото Истатов близу до селото Црничани во Дојран.
Натпреварот се ода по следната програма:
8,00 Пристигнување (Петок 26 Април)
8,00-8,30 Пријавување
8,30-9,00 Отварање и влечење позиции
9,00-10,00 Сместување
10,00 Старт
12,00 Крај (Недела, 28 Април)
12,00-13,00 Пакување
13,00-14,00 Прогласување
Уловени беа 11 риби со просечна тежина околу 7 кгр.
Најголем крап е уловен на позицијата 1 со тежина од 12,52 кгр. од Крап Дрим тим од Рибар 2011.
Примероците на уловен крап беа здрави и борбени со што го зголемија задоволството на натпреварувачите. Главна карактеристика на овој натпревар е тешкиот терен и големиот број загубени риби заради тревите. Бројот на загубени риби е околу 30-тина. Доколку се реализираа, пласманот ќе беше сосема друг. Најбитно од се е дека поголемиот број натпреварувачи се запознаа со ревирот и неговите особености. Езерото Истатов е местото на одржување на три кола од претстојното државно првенство во лов на крап. Покрај стакнатата претстава за тешкиот затревен терен, натпреварувачите ги испробаа своите мамци, прихрана, опрема и системи за ловење. За подобри и полоши позиции не можеме да донесем заклучок само со еден натпревар, но се наметнува сознанието дека фаворизирани позиции не се одвоија, така да се очекува подеднаква шанса за добар резултат на било која позиција.
Стазата од позицијата 1 до позицијата 6 е уедначена и праволиниска со можности за ловење на различни растојанија само на 1 и 11. Од позицијата 2 до позицијата 10 ловниот простор е ограничен заради неколку појаси од треви. Исклучок е набиеноста на позициите 2,3 и 4 каде би трбало да се обележи ловниот простор со маркери и граничници заради определување на ловниот простор. Исто така и кај позицијата 5 и 6 (иако не беше активна). Се наметнува потребата од бележење на ловните површини на сите позиции заради поспокојни натпревари. Првиот појас на треви е на длабочина од 2 до 3 метри. Потоа има мал простор од неколку метри и следи голема и густа трева. Во овој мал получист простор, ппомеѓу двата појаса треви, длабочината се зголемува за околу 1 до 2 метри. Проблемот на пласирање мамци не е толку голем, како проблемот на вадење риба. Големиот број на загубени риби укажува на правилен избор на мамци, но се чувствува недостатокот од искуство на вадење риба од ваков тежок терен. Исто така постои веројатност дека хендикеп на овој куп беше тоа што немаше позиции од другата страна на езеоро, што веројатно влијаеше поголемиот дел од рибата под притисок на натпреварувачите да се скрие таму. Рибата во езерото сеуште не е измрестена, што веројатно влијаеше на бројот на удари и се очекува дека до 17 Мај состојбата ќе биде многу подобра. Честитки за победниците.
Накратко. Ви благодарам за учеството и помошта на сите, со надеж дека догодина ќе се сретнеме пак на истиот куп. _________________ CARPE DIEM
|