Предраг, ОДЛИЧНО СИ ГО ФАТИЛ МОМЕНТОТ!!
Ова го користам да појаснам една ситуација за која бевме обвинети ние како тим дека
сме ја расипале дружбата и сме направиле да некој пие кафе на линија помеѓу боксови, сме расипале роденден да се прослави, се закани дека нема повеќе да оди на вакви дружби зошто сме биле неколегијлани итн...
Лично во лице ми кажа дека се наљутиле и дека го сфатиле лично.
На сликава се гледа одлично зошто беше пријавата до судиите.
Пријавата јас лично не ни знаев дека е дадена додека не дојде Пешиќ како судија и ми го каже истото.
Регирав одма кај организаторот (Дуле) да му дадам причина да тоа истото неважи и дека непотребно.
Организаторот глатко ми рече дека е сето тоа е превентивно и дека е во ред.
Ова го пишувам со цел да им докажам на колегите дека пријавата протекна од Капитенот (ховитз), кој СО ПРАВО направи реакција и пријава.
Моментот каде Млад Риболовец ја допираше активната опрема на колегата, каде имаше 3-ет параболик до истата потпрен па паднат во вода...Неговата љубопитност не ја осудувам, млад е и нема потреба од реакција...но сепак можноста да дојде до несакан инцидент, кршење, паѓање на скапа опрема во вода е ГОЛЕМА и тоа ВО МОМЕНТ ДОДЕКА ВАДИМЕ РИБА ЗА КОЈА СУМ ИНВЕСТИРАЛ и СУМ СЕ ТРУДЕЛ 50 часа со вкупни 5 одспиени да ја извадам и не внимавам кој е позади мене.
Беше и Ицо тука, помогна со инструкции и сум му БЛАГОДАРЕН ЗА ИСТОТО како и за МНОГУ ДРУГИ СОВЕТИ и ПОМОШ кој ги имам добиено.
Некој тоа си го врзал во крпче и се наљутил без да види и праша зошто е таа пријава.
Лично ми ја објаснив, но залудно...човекот остана љут.
Јас не гледам причина за правдање, која сепак ја дадов во очи и работите очигледно беа сфатени лично и остана лутината.
Жалам поради тоа, разочаран сум максимално и мислев дека доволно сум направил да бидам пријател без оглед на секаква спорна ситуација за која јас би прашал од каде и како потекнува пред да избрзам со заклучоци.
Ќе кажам само едно, јас сум пријател со сите, но....кој се љути...нека му стои!!
А да, после некој половина час...дружење имаше, кафе пиење имаше, шетање и правење муабет имаше.
Се извинувам за расипаните моменти кој ви ги предизвика во тие половина час нашиот тим.