Поздрав до сите учесници, гости и оние кои ја следеа, следат и ќе ја следат нашава приказна.
Благодарност за сите честитки. Иако овој куп поприми карактер на државен настан, тоа не го намали квалитетот. Напротив. Се почесто се случува вака спонтано, со позитивна енергија да се склопат лончињата и се да излезе одлично со бенифити за сите нас. Веројатно има нешто во нас, дали нашиот адреналин или големото крапско срце, не знам. Знам само дека овие неколку денови се сакавме, почитувавме, дружевме, смеевме, нервиравме, вадевме и не вадевме риба, се сликавме и сите си честитавме. Заминавме насмеани, полни со себе, полни со пријатни чуства еден за друг. Се попопуларни сме. Иднината е исполнета со ветувања, акции, порибувања, очекувања на уште појаки натпревари во лигата.
Благодарност за Сашо и Рибар 2011, за класниот, за газда Благој, за Министерот, за 5-те командоси кои чистеа, за Диме, Гоцка, Здравче, Крсте, Сале, трите млади момчиња од Богданци, мајстор Кајстор и братучедот, за крапските волци Ицо и Даниел, мајсторите Предраг и Јоце, за другар ми Раде, добриот Мики, за мускетарите и мои добри пријатели Мартин и Максим, Велијан, Сашо, за Стојче мојот партнер кој секој би посакал да го има, за езерото, рибите, па и за Маја, Мона и Џексон.
Никогаш нема да го заборавам овој куп. Од многу причини.
Ви благодарам јас и човекот кој го спомнавме.