Се помислив малку дали да пуштам репортажа оти не беше се риболов,туку беше еден екстра супер викенд,исполнет со убаво езеро,одмор во природа,семејството до мене,гората....
Па да почнам по ред
Заради тоа што бебето ми беше само на месец и половина,морето таа година остана само пуста мечта за нас
и решивме со жената,одморот да си го минеме на планина
Местото-секако Берово-,кадешто си имаме викендица.Во план беше и един риболов со моите пријатели од таму,па не изостана и носењето на тешката артилерија. Пристигање на петти јули ,веднаш по крштевката на малиот Лука :drinkers:
Првото нешто коешто го направив беше слегување до реката Брегалница ,кадешто поголемото синче Гоце, да го оставиш таму ,цел ден ке си седи,без да праша за дома
Абе како мене е цел
Многу убава река на само двеста метри од нас,порибена со поточарка оваа година и максимално чувана
Неколку дена поминаа брзо во игра с децата и очекување на риболовот,се разбира,хехе
Нели си бевме во гората,се оддадовме и на едно друго за мене специјално хоби но и много вкусно хоби
собирање на печурки---- имаше три епизоди ова филмче за габите
ете ја првата
Тоа беше само почетокот
Секако во очекување на риболовот се правеа и некои нужни подготовки
И додека трепнеш дојде денот
Планот беше да седиме со сигурност две ноќевања,и ако има резултат да останеме и трето.
Еден ден претходно си отворивме маркери,заранивме и следниот ден бевме на едно супер убаво место,створено за бегање од летните горештини
Столетните буки не даваа сонцето да стигне до нас.
Малку се разочаравме од нивото на водата,кое се беше качило за цели два метра последните десет дена,од катастрофалното време . Но природата околу нас беше посилна од се,и весели и жедни за риболов си ги наместивме шаторите.
И секако- пушките
Муницијата беа-бојли Top Banana и Squid and octopus
И започна чекањето.За почеток еден разбојник
По него една вистинска рипка
И во моментот испратена да викне некои од роднините
Местење на масичката,пијнување по една- две домашни
И така уморени
на спиење.
Преку ноќта ништо,а на другиот ден на тапа,започнааа едни црвеноперки
Чудна работа,пред две години,пријателите од Берово, пуштиле една кофа црвеноперки и една костреци,и веќе беше наплодена,во убави димензии и најчудно од се јадеше убаво
КОГА И КАКО?????
Но по договор со пријателите како нови жители на езерото,ги враќавме во моментот назад
Втората вечер излезе уште еден шарко
и повеќе кленови од размерот на овие
Ете го и нашиот најверен пријател,којшто не се оддели од нас преку целото време и изеде 7-8 леба
Риболовот заврши со невремето коешто наближуваше и по брзото собирање,една убава прошетка во гората,и следуваше втората епизода од серијата за вргањот:drinkers: :drinkers: :drinkers:
Многу на малку за мене
За мене уникатен деликатес
Па не отсуствуваа и фамилијарните прошетки
А не отсуствување и третата епизода од филмот за вкусните вргањи и лисичари
Еден неверојатен одмор,коишто би му го препорачал на секој вистински вљубеник во природата.