Поздрав до сите крапџии и останати пријатели.
Прв впечаток е дека езерото е многу убаво. Погодно за крапски риболов. Се уште е полно до горната граница но полека се стабилизира. Риба има. И тоа крупни. Не ми е својствено да навлгувам во некои инсајдерски информации, но колку за претстава една порака. Бидете подготвени да имате на јадица и такви примероци кои одат каде сакаат без разлика вие што правите да го спречите. Изгубивме многу такви.
Приоритет беше да се среди стазата и боксовите. Со Предраг и со Стојче успевме да одбележиме места каде би требало да се направат боксови. Од левата страна 10 бокса, а од кај шумата (десната страна гледано од браната) 8 бокса. Од понеделник е договорено со Истатов цела екипа оди со моторни пили да ја среди левата страна каде што има 2-3 позиции за чистење. Останатите се грото чисти. Потоа преоѓаат на другата страна каде што треба поголема интервенција на правење патека за пешаци, 6 боксови и прилази од патеката до боксовите. Ветено е до среда се ќе биде спремно.
Јасно е дека не е исто една, две три екипи на езерото и 11 или пак и 16 екипи. Се лови на достапна далечина за сите и на овој водостој полесно се сработува околу хранилишта и ловни места. Левата страна е многу почиста. Оние кои ќе имаат ксмет да ловат од кај шумата треба да бидат подготвени на поотежнати услови околу крајните две позиции. Во средните позиции има по некоја грмушка во вода (она што можевме да го уочиме) но не се како крајните каде што покрај подводни стапици има и наноси од гранки и други ствари од големите води.
Се на се, вода која многу ветува и со добра домаќинска работа можа да биде убав крапски центар.
За оние кои се заинтересирани за слободен риболов ќе пренесам само дека езерото е забрането за риболов. Право на ловење имаат само учесниците на нарпреварувањата и тоа оние кои ги имаат исполнето условите за тоа. Сега за сега. Засилено се работи на добивање на концесија која ќе ги отвори вратите за засилено средување и воспоставување на режим на ловење за сите заинтересирани. Значи трпение. Едно е сигурно. Рибата од оваа езеро нема да се носи.
Да не заборавам. Го потврдувам написот на Јане дека ова езеро нема врска со селото Црничани освен проблемите околу наводнувањето. Се работи на тоа оваа вода да биде прогласена за спортски риболовен центар кој ќе го носи името ИСТАТОВ.