www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Саб Ное 16, 2024 8:39 am

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2627282930ELLIPSIS47»
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 17, 2013 8:17 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
коста НапишиCOLON
Раде, гледам од тој крај си и го познаваш добро, е сега иако си пред се крапџија, мене ме интересираат рекичињата што се вливаат во Преспанско, ако знаеш да ми кажеш како стои работата со пастрмка таму?
Природата е прекрасна ама има ли пастрмка таму?
Коста, рекичката/ реката се вика Брајчинска и минува низ село Брајчини, село Љубојно, село Наколец и тука се влева во езерото. Има и други помали рекички, повеќе би рекол поточиња, како Кранска река, па Грнчарска и тн. Низ Ресен минува уште една река по големина слична на Брајчинска. Состојбата ја знам само во Брајчинска. Таму живее еден ендемичен вид пастрмка Salmo pelisterikus. Ретка е и ситна затоа што живее само во еден краток слив од неколку километри и ретко слегува во езеро. За ова нешто имаше и голема причина, во воид на една бетонска брана по средина на речниот ток на излез од Љубојно кон Наколец, и оваа лепотица немаше можност да слезе во езерото и да се храни со плашката, грунецот, писите... и затоа примероците се околу 100г.
Арно ама еве како се брани природата од човечката глупост:
[ img ]
Брајчинска 2010 се наљути, нарасна и ја отвори капијата. Сега патот кон Преспанското езеро на Salmo pelisterikus е отворен. Го отеков Васко (класниот), да стартуваме проект сличен на Македонската пастрмка, да ја спасуваме и оваа... Сега за сега сум на игнор од негова страна, ама знае дека кад тад ќе мора да се впушти и во таа авантура оти му настрадаа шишките.
Во Брајчинска река освен Пастрмка има многу и речен рак, и многуууу ларви под камења(оние меснатите, жолти мислам од Ephemeroptera, инсекти ресокрилци-еднодневки како имага).
И уште нешто, над село Брајчино и над една пилана водата јас сум ја пиел директно од река. А тоа каква е природата околу реката над ова легендарно село, тоа неможе вака да се долови.
Околу рибаењето, мислам дека е забрането ловењето на овој ендемичен и загрозен вид. Се трудам колку е во моја можност, да ги анимирам сите релеванти фактори, да се стартува со спас и обновување на фондот на оваа ендемична речна пастрма.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 17, 2013 8:34 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
Ја најдов и оваа фотографија:
[ img ]
Е таа е само за редовниот... Е вака ќе го пречекаме кога ќе не посети. Ова чисто да го релаксирам оти многууу е напнат деновиве околу купот!


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 17, 2013 8:34 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 15, 2012 10:56 am
МислењаCOLON716
akiribar НапишиCOLON
bez navreda ama tolku mnogu sliki a niedna so krap nad 10kg na slika...
ako tolku go ima kako shto tvrdite kje imashe i dosta sliki so ribi golemi :)
Зошто нема повеке слики има и уште еден разлог освен она што го наведе Раде.
Окулу нас се ужасните предатори т.е мрежарите и буквално не пратат каде ги правиме спотовите, каде крмиме за да после само неколк часа во близина ги фрлат мрежите. И кога сме ваделе убави примероци на крап (''Марфи'' е тука) ,обавезно се тука негде и ''они'' и пратат се што правиме.Да не бодеме очи од кога ке ја извадиме рибата што е за вракање одма назад у вода.
Еден пример какви луге се тоа.Враќам крапче од 1кг,ме гледа мрежар кој е од Д.Дупени и ми вели ''Што праиш бе зетче(така ме викаат таму)што ги вракаш тие се нај убај к'о локумчина се. '' И што после ова, ме направиа будала у село сум вракал риба назад у вода.
На дешавката што Раде ја опиша кога крапот му избега од пред кепче,буквално цела плажа присуствуваше,а коментарите на сите беа ЛЕЛЕ какво гезме избега.
Вакви примери без број затоа сликаме само кога сме потполно сами,ама по некогаш од Марфи не се бега.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 17, 2013 9:29 am 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONВто Феб 05, 2013 11:17 am
МислењаCOLON421
nema shansi da se opravi toa ezero, tamu ima par ekipi shto si mrezharat na daily basis i toa so godini, taka da krapche - dve - pet vrateni vo voda nema da smenat nishto, jas da lovam i da fatam NEMA da go vratam.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 17, 2013 11:01 am 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Maр 15, 2012 10:56 am
МислењаCOLON716
Dimitar НапишиCOLON
ZeleN НапишиCOLON
nema shansi da se opravi toa ezero, tamu ima par ekipi shto si mrezharat na daily basis i toa so godini, taka da krapche - dve - pet vrateni vo voda nema da smenat nishto, jas da lovam i da fatam NEMA da go vratam.
После десетодневна кампања на прихранување не велам да не се земе некое парче риба,но нашата селекција е од 1,5-3кг,све под тоа и над таа килажа вракаме.
Не се слагам со тебе дека нема шанси за езерото.Се по успешното мрестење на крапот тоа го демантира,риба има само со правилна селекција ке ја има и уште повеке.
За мене после вардарсиот нај добар крап за консумација е баш пренспанскиот и тоа околу 2-3кг.
Не знам што ке му јадеш на тоа чавре од 600-700гр пола у глава е, ама тоа е твој став.
Јас сум непоправлив оптимиста и дај Боже еден убав ден ке го дочекам и ова на Преспа.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 17, 2013 4:25 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONЧет Дек 01, 2011 11:07 am
МислењаCOLON297
:bravo:
Ќе биде, а непоправлив оптимиста не постои, а постои рециклиран песимиста :head_bang:

Раде, ти благодарам на одговорот, а Брајчинска река има, а и ќе даде природата и многу поголеми пастрмки од 100-200 грама, битно е дека редот во природата не е производ на човечка памет, и добро што е така, инаку воопшто и не ќе постоевме.


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 18, 2013 8:45 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
Еве ги најновите податоци за нивото на Преспанското езеро. За да можете подобро да следите, ви препорачувам да се фокусирате на левото јаже со кое е оптегната мрежата. Моја проценка е дека нивото е горе нови 7-8 цм.
05.04.2013: [ img ]
11.04.2013 [ img ]
18.04.2013 (денеска)[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 18, 2013 8:58 pm 
Отсутен
Ветеран

РегистриранCOLONВто Ное 08, 2011 12:17 am
МислењаCOLON10473
ubavina.

_________________
http://www.carpologija.com/


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONЧет Aпр 18, 2013 8:58 pm 
Отсутен
Конструктивен

РегистриранCOLONСре Ное 30, 2011 10:02 pm
МислењаCOLON255
Уште неколку денешни мотиви:
[ img ]
[ img ]
[ img ]
[ img ]

Мислим дека е доста!
Што викате за нашиот спот, куле е а?


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: ПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО
ТемаИспратеноCOLONСре Aпр 24, 2013 1:37 pm 
Отсутен
Админ
Членски аватор

РегистриранCOLONЧет Oкт 07, 2010 10:26 am
МислењаCOLON4637
ЛокацијаCOLONSkopje
Секоја чест за презентацијата, сега ја откривам темава која доста напреднала во изминатиов период, човек да посака да се пресели таму.....РАЈ...ако даде оспод време, радо би кампања на езерово


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ]  Оди на страна «1ELLIPSIS2627282930ELLIPSIS47»

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 25 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum