Раде, гледам од тој крај си и го познаваш добро, е сега иако си пред се крапџија, мене ме интересираат рекичињата што се вливаат во Преспанско, ако знаеш да ми кажеш како стои работата со пастрмка таму?
Природата е прекрасна ама има ли пастрмка таму?
Коста, рекичката/ реката се вика Брајчинска и минува низ село Брајчини, село Љубојно, село Наколец и тука се влева во езерото. Има и други помали рекички, повеќе би рекол поточиња, како Кранска река, па Грнчарска и тн. Низ Ресен минува уште една река по големина слична на Брајчинска. Состојбата ја знам само во Брајчинска. Таму живее еден ендемичен вид пастрмка Salmo pelisterikus. Ретка е и ситна затоа што живее само во еден краток слив од неколку километри и ретко слегува во езеро. За ова нешто имаше и голема причина, во воид на една бетонска брана по средина на речниот ток на излез од Љубојно кон Наколец, и оваа лепотица немаше можност да слезе во езерото и да се храни со плашката, грунецот, писите... и затоа примероците се околу 100г.
Арно ама еве како се брани природата од човечката глупост:
Брајчинска 2010 се наљути, нарасна и ја отвори капијата. Сега патот кон Преспанското езеро на Salmo pelisterikus е отворен. Го отеков Васко (класниот), да стартуваме проект сличен на Македонската пастрмка, да ја спасуваме и оваа... Сега за сега сум на игнор од негова страна, ама знае дека кад тад ќе мора да се впушти и во таа авантура оти му настрадаа шишките.
Во Брајчинска река освен Пастрмка има многу и речен рак, и многуууу ларви под камења(оние меснатите, жолти мислам од Ephemeroptera, инсекти ресокрилци-еднодневки како имага).
И уште нешто, над село Брајчино и над една пилана водата јас сум ја пиел директно од река. А тоа каква е природата околу реката над ова легендарно село, тоа неможе вака да се долови.
Околу рибаењето, мислам дека е забрането ловењето на овој ендемичен и загрозен вид. Се трудам колку е во моја можност, да ги анимирам сите релеванти фактори, да се стартува со спас и обновување на фондот на оваа ендемична речна пастрма.