Da krapcinjata se od park i ima i karas i srvenoperka...I e pusteno da utre nija i nasite generaciii imaat ubava reka za ribolov...
Rade ima klipovi uste pisi samo na youtube Akiribar i ke vidis....
Убаво о тебе.
Е сега, кога веќе го гледаме потенцијалот на езерцата, сакам да споделам со вас уште една друга кратка сторија. Цела 1,5 г кииснев заедно со класниот во Градско собрание, разговарајќи со надлежните за езерцата во парк, за можностите, потенцијалите и сл., ииии за фактот дека рибниот фонд кој е таму е сопственост на СРД Вардар, и на никој друг, и ова го повторував постојано. Имам една мана, знам да бидам упорен, а некои тоа го карактеризираат како досаден, ама како и да е, 7,5 тона (по записници) 2007, беа изловени од градски парк, и пуштени во Вардар на 13 пункта. Имаше најмалку 1,5 тона кленови, навистина колку ракава, и нив посегно ги пазев, и мислам ни еден не изгубив. А тоа колку имаше крапчиња, караси, попадики, бојници, кркушки, тоа е нестварно. Кога ги празневме канистрите, добивавме и овации, особено под Камени мост. Сето тоа, пак отиде на контото на СРД Вардар, со записници составени од земјоделски инспектори. И тоа беше направено од искрена љубов, првенствено кон реката каде растев, но и кон клубот во кој сум од дете.
А Сарај, езерото во Треска, е тоа, е сосема друга приказна. Што од таму влезе во Вардар, тоа се нема случено,
одговорно тврдам,, никогаш во историјата на оваа река. За тоа порибување, за количините исто такви убави лепотани, прашајте го класниот.
Околу порибувањата, тука ќе застанам.
Уште еднаш, поздрав до тебе,
Знам уште еден сличен тип, кој од дете пушта рипчиња (преферира крапчиња) во Вардар, а се одзива ако го викнете Коко карп