www.ribar.com.mk

Вашите рибарски приказни...
Сега е точно : Пон Дек 23, 2024 7:06 pm

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2




Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 
Автор Порака
 Наслов на мислењетоCOLON Оштетен ценовник
ТемаИспратеноCOLONСаб Aпр 06, 2013 2:21 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Читаќи ги коментарите во темата за Мавровско Езеро на Zoki rib.prikazni:
Zoki rib.prikazni НапишиCOLON
Imase mnogu mrezi ama ima i uste krap...Problemot e oscilacija na vodata a on toa ne trpi kako drugite ribi i se drzi do dlabocinata....Isto taka ima mnogu prirodna hrana,rakovi,skolki,bubacki,gamarusi i sto se ne...tesko da se " vrze" so krma bidejki ima prirodna..
Isto taka,premnogu ima klen i na sekoja krma plasirana za krap..sednuva klen i tamani se do kraj...Za krapot ne ostanuva nisto bidejki odnosot krap : klen vo mavrov o e 1 : 300 najgrubo kazano..
Treba da se spomne deka sekoja ribina vrsta ima svoj podem i svoj pad zavisi od prirodnite uslovi i zivelaiste..Mavrovskata voda e dosta ladna i kaj nego mrestot e dosta pomesten kon juni juli kade sto na drugi vodi e veke izmresten a togas i pocnuvaat gorestinive i ezeroto se ispusta i bidejki bara treva za ikra i poplitkite mesta se slucuva da osyane ikrata na suvo. Vo 2009ta i 2010ta se sluci bas toa i imase kaj starata crkva najdeni 2 matici od strana na mestanite ,umreni so neisfrlena ikra ...parcinja 7 i 10 kg...covekot sto gi nasol go znam i ribolovam vo mavrovo so nego i mu veruvam

koga vlegle vo zalivot da ja isfrlaat ikrata vodata padnala mnogu naednas i tie ribi koi uaspeale da se vratat i deneska plivaat vo mavrovskoto ezero...dodeka onie kako na primer ovie 2 matici ostanale i umrele na obalata...
Takvi mesta za mrest ima na obalata vo mavrovo mnogu..taka da ovoj poedinecen evidnetiran slucaj sigurno ne e sam i poradi toa i brojot na kraport vo mavorovo e namalen poveke od padot na vodata a mnogu malce poradi mrezite...Gostivarcanite i tetovcanite kolku sto znam ne stavaat mrezi za krapot kako sto mestat mrezi na Dunav ili Tisa ili vo Vojvodina...ili pak na Dojran ,Prespa ..taka da mislam deka brojot na krapovite fateni vo mreza e mnogu pomal nego sto se misli deka e izvadeno...
Za kraj i krapot ne e glupa riba pa da se faka kako klen,karas,popadika ..vo mreza taka lesno... :lepi:
и коментарот на zmija
zmija НапишиCOLON
imam otideno na mavrovo dve nedeli edno po drugo ama ne na ribolov.prviot pat kaj kamenolomot odozgora ja gledav popadikata kako se mresti i bese vo mnogu golem broj.narednata nedela koga otidov vodata bese za 1-2 metri visinski padnata.taka da celata taa ikra ostanala na suvo.ama koj ke gi spreci ovie od evn-elem da pravat struja.barem jas mislam deka vo poslednive godini se pomalku i pomalku riba ima vo mavrovsko.i najzalosno nema koj da go spreci toa.
Веднаш во глава ми се заврти сликата што ја гледам секоја година на потегот кај с. Ташмаруништа.
Веднаш после мрестот на крапот, паѓа нивото на водата и безброј мали крапчиња остануваат во дупките наполнети со вода во трската помеѓу Ташмаруништа и Добовјани. Овие крапчиња не верувам дека ќе успеат да преживеат.
Кој сноси одговорност за ваквите појави? ЕЛЕМ ? ЕВН? Кој?
НИКОЈ !!!!
Добро, ај да речеме дека ќе сносат одговорност. Како да се пресмета штетата и како да се надомести?

Законот за рибарство и аквакултура предвидува да се изработи Оштетен ценовник според кој концесионерите ќе си ја наплатат штетата предизвикана од ваквите појави, но и штетата предизвикана од риболовците кои ловат со недозволен прибор, ловат маломерни риби, ловат повеќе од дозволените количини .... сепарации ... со еден збор, тој Оштетен ценовник ќе претставува рамка врз основа на кој ќе се пресметува штетата направена над рибниот фонд, а парите од таа оштета ќе се наменат исклучиво за порибување и екологија.
Дали е ваквиот оштетен ценовник изработен?
Имаше предлог на Оштетен ценовник кој го разгледуваше МРФ, а истовремено здруженијата можеше да испраќаат свои предлози за измена на истиот.
Предлогот во неговата првична верзија беше следниот:
[ img ]
[ img ]

Како што може да се забележи, со овој Оштетен ценовник нема начин како да се наплати штета од промената на нивото на водата во вештачките акумулации и регулираните реки.
Затоа што ЗРСК Пастрмка-Струга, како концесионер на „риболовен ревир река Црн Дрим 1“, најмногу има штета од варирењето на река Црн Дрим и акумулација Глобочица, испративме барање за дополнување на Оштетниот ценовник до МРФ:
[ img ]

Овој наш предлог беше отфрлен од УО на МРФ, а предлог оштетниот ценовник, во првичната верзија, беше испратен во МЗШВ за одобрување.
До денес сеуште нема Оштетен ценовник.
Зошто е тоа така, јас не знам. Каде е заглавена работата, и тоа не знам.
Но, сеуште има време да се додаде во Оштетниот ценовник нов член со кој ќе се наплати штетата предизвикана со варирање на водата во акумулациите и реките.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Оштетен ценовник
ТемаИспратеноCOLONСаб Aпр 06, 2013 4:11 pm 
Отсутен
Конструктивен
Членски аватор

РегистриранCOLONПон Aпр 30, 2012 7:40 pm
МислењаCOLON583
ЛокацијаCOLONСкопје
ubavo e seto ova napisano,problem e kako ke se naplati ova..... posebno e vazno da se napomene deka akumulaciite ne se praveni za ribolov,tie se praveni za druga namena....struja ili navodnuvanje da e prirodno ezero ili reka mozda i ke moze da se bara odgovornost i sankcii ama vaka....teska borba ke bide

_________________
[ img ]
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Оштетен ценовник
ТемаИспратеноCOLONСаб Aпр 06, 2013 8:45 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Потполно се сложувам дека примарна цел на акумулацијата е производство на струја, но што со штетата што ја прават на рибниот фонд?
И на крај, што се 2-3000 евра за ЕЛЕМ :filip:
Инаку се во животот е тешка борба. Лошо е кога ќе се откажиме од некоја работа без борба.

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Оштетен ценовник
ТемаИспратеноCOLONСаб Aпр 06, 2013 8:54 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONНед Јан 08, 2012 10:04 pm
МислењаCOLON6059
ЛокацијаCOLONСкопје - Кисела Вода
Ако веќе е доделена и концесија на тој ревир , тогаш ЕЛЕМ има и други обврски покрај производството на струја . Неможе да се понаша партизански затоа што државата за истата таа вода доделила и концесија за риболов .
Само гласно размислувам ;)

_________________
Često popričam sa samim sobom, ali nemo'š budali dokazati.
[ img ]


Кон врв
 Наслов на мислењетоCOLON Re: Оштетен ценовник
ТемаИспратеноCOLONСаб Aпр 06, 2013 9:09 pm 
Отсутен
Модератор
Членски аватор

РегистриранCOLONПет Дек 09, 2011 2:36 am
МислењаCOLON2536
ЛокацијаCOLONСтруга
Јас мислам дека сосема си во право Тафта.
Со доделување на концесијата, таа акумулација станува повеќенаменска и не може едното правно лице, во случајов ЕЛЕМ, да нанесува штета на другото правно лице - концесионерот на рибите.
Уствари може затоа што примарна цел на акумулацијата е производство на струја, ама треба да му плати на концесионерот за направената штета или треба да ја надомести штетата со порибување.

А не е само тоа, поради регулацијата на Црн Дрим сезоната за риболов кај нас трае од април до октомври. Поради честите варирања на водата рибата не останува во Црн Дрим во поладните месеци.
Кој трпи штета за тоа? Кој треба да ја надомести таа штета?

_________________
„Земјата не ни е дадена во наследство од нашите предци,
туку ни е позајмена да ја чуваме за идните поколенија“


Кон врв
Покажи постара темаCOLON Сортирај по 
Испрати нова тема Одговори на тема  [ теми ] 

Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2


Кој е Присутен

Членови кои ја разгледуваат оваа тема: 4 and 0 гости


Вие Не може да поставите нова тема на овој форум
Вие Не може одговорите на теми на овој форум
Вие Не може да промените мислења на овој форум
Вие Не може да го бришите вашето мислење во овој форум

Оди доCOLON 

POWERED_BY
Преведено на Македонски од : nescafe, Read Here Forum